Бесплатни ИКТ обуки за невработени лица
Скопје, 28 јули 2010

Министерството за информатичко општество со преку 80 стипендии ќе му помага на приватниот сектор за доедукација на невработените граѓани со дообразување во информатичките и комуникациските сектори. Станува збор за пилот- проект на Министерството за информатичко општество, со цел да се зголеми бројот на ИТ-експерти во државата.

Министерот Ивановски на состанок со Комисијата за широкопојасен интернет на ITU во Женева
Скопје, 09 јули 2010

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество, м–р Иво Ивановски на 11 јули ќе присуствува на првиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет на Интернационалната телекомуникациска унија (ITU) во Женева под покровителство на Обединетите Нации.

 

 

Започна имплементацијата на WI-FI проектот

Скопје, 17 јуни 2010

Имплементација на WI-FI проектот ќе обезбеди интернет пристап и чекор напред кон влезот во Европската Унија

Со цел обезбедување на безжичен интернет во населени места во кои економските оператори немаат интерес да ја понудат оваа услуга, како и надминување на дигиталниот јаз на територијата на Република Македонија, Министерството за информатичко општество започна со имплементација на WI-FI проектот кој претставува инсталирање на интернет киосци  кои ќе зрачат бесплатен интернет во  радиус од 250м.

Говор на министерот Иво Ивановски на лидерската конференција за ИКТ во образованието
Охрид, 08 јуни 2010

Почитуван Министер за образование и наука г-дин Никола Тодоров
Почитуван г-дин Џон Дејвис
Почитувани гости
Дами и господа,

 

На Светскиот самит за информатичко општество што минатиот месец се одржа во Женева, лидери од присутните земји членки на Обединиетите Нации, донесоа круцијална одлука за поинтезивно ангажирирање на владите ширум светот за креирање на глобално инклузивно информатичко општество. Во предлогот активности се опфатени 10 мерки со коишто ќе се следи напредокот на државите при развојот на информатичкото општество од кои една од тие мерки е ИКТ во образованието.

Ивановски и Динкиќ ја посетија ИТ компанијата Сивус
Скопје, 02 јуни 2010

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и потпретседателот на Владата и министер за економија и регионален развој на Република Србија Млаѓан Динкиќ денеска во Скопје ја посетија ИТ компанијата Сивус.


Почна со работа електронскиот Катастар

Скопје, 29 мај 2010

Од денеска официјално почна да работи електронскиот систем за Катастар со кој ќе овозможи побрза и поефикасна услуга за граѓаните.

Е-Катастарот засега е достапен за територијата на Град Скопје, а во блиска иднина се очекува негова имплементација и во останатите градови од државата.

Syndicate content