Сподели:

Презентација на Националниот акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020

Скопје, 09 јули 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација го организираше вториот јавен настан за „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020".

Целта на настанот беше да се презентира нацрт Акцискиот план за Отворено владино партнерство изработен во соработка со граѓанските организации.

На настанот свое обраќање имаше заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, кој се осврна на заложбите на Владата и на Министерството за информатичко општество и администрација за отвореност и транспарентност во своето работење.

„Отвореното владино партнерство се фокусира на подобрување на владината транспарентност, отчетност и одговорност кон граѓаните. Ги поврзува владата и граѓанското општество во реформите и потврдува дека владите може да биде поефикасни, само доколку отворат простор за консултации и критики со граѓаните и граѓанскиот сектор. Оваа соработка се отсликува и во Четвртиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година. Акцискиот план не е гломазен и со голем број на различни мерки и цели, за да може и имплементацијата и реализацијата на предвидените цели да биде конкретна, мерлива и целосна. Овој настан претставува продолжение на напорите за создавање простор за дискусија меѓу граѓанските организации и владините институции во подготвувањето на четвртиот акциски план“, истакна Бајдевски.

Како што рече тој, заложбите на Владата во изминатата година се токму тој правец за што потврда се и последните податоци од истражувањето Action SEE поддржано од Европската Унија, спроведено од фондацијата Метаморфозис. Владата е на првото место во регионот во транспарентност и отвореност, во споредба со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Минатата година Македонија беше на последното 6-то место. Ова е извонредно и исклучително признание, за сите нас.

„За прв пат, во овој процес се вклучува и Собранието. Исто така, за прв пат во иницијативата за Отворено владино партнерство се приклучува и Град Скопје, со заложбата за Отпорно Скопје. И ова се промени кои ќе го подобрат процесот и ќе придонесат за отвореност и отчетност на сите институции“, заклучи Бајдевски.

Тоа што престои во наредниот период е Четвртиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020да биде усвоен на Владина седница следниот месец, по што ќе отпочне реалната имплементација на зацртаните мерки и активности.

Министерство за информатичко општество и администрација

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form