Сподели:

Манчевски: Земјите од Западен Балкан работат на реализација на заклучоците од Дигиталниот Самит

Скопје, 04 јули 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска е дел од состанокот на министрите за економија во рамки на Берлин процесот. Состанокот е дел од серијата на средби во рамки на Лондон Самитот за земјите од Западен Балкан. За Македонија е од особена важност што е претставена на овој состанок од министерот Манчевски, како единствен министер за дигитална агенда од регионот присутен на состанокот. Причината и целта за тоа е првиот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан, што се одржа во Скопје. Заедно со министерот Манчевски, на состанокот присуствува и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Единствена константа е промената. Дигитализацијата го смени начинот на којшто живееме, начинот како бизнисите работат, а сега го менуваат и начинот на функционирање на институциите. Многу ми е мило што гледам дека дигиталната трансформација е високо на политичката агенда на Европската Комисија, но и во земјите од Западен Балкан. Ова е една од ретките теми на кои сите во регионот се согласуваме и работиме посветено. Сите сме свесни дека на овој начин ќе се интегрираме во Европската Унија, побрзо отколку преку политичката интеграција“, рече министерот Манчевски на состанокот на министрите за економија и дигитална агенда во рамки на Берлин процесот.

Министерот Манчевски се осврна на заклучоците од првиот Дигитален самит, што се одржа во Скопје поделени во четири пилари, односно дигитални вештини, сигурност и безбедност, дигитална економија и општество и дигитално поврзување.

На кратко ќе презентирам дел од иницијативите превземени во контекс на исполнување на целите и заклучоците кои произлегоа од Дигиталниот Самит. Ја финализираме Стратегија за отворени податоци како клучен документ за транспарентност на институциите и борбата со корупција. Подготвивме работна верзија на Стратегијата за широкопојасен интенрет. Тука  потребно инвестирање во инфраструктура и покривање на бели зони, се со цел граѓаните да добијат поголем пристап и зголемување на услугите што ќе се добиваат електорниски. Во тој контекст работиме на Електронски регистар на население и електронски идентитет на граѓаните. Во областа на сајбер безбедноста како голем глобален предизвик, можам да кажам дека за првпат имаме стратегија, каде се вклучени сите релевантни институции. Во Софија ја промовирав идејата Македонија да биде домаќин и да ја организираме првата Академија за сајбер безбедност во регионот. Тоа што произлегува од заклучоците од Дигиталниот Самит е и иницијативат за намалување на цените за роаминг. Активна е спогодбата помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за пониски цени за роаминг, а очекувам и Албанија и Косово наскоро да се приклучат на оваа спогодба. Од комуникацијата со Европската Комисија, можам да кажам дека постои интерес и посветеност за намалување на цените за роаминг за нашите граѓани кога патуваат во земјите од Европската Унија“, информираше министерот Манчевски.

Зборувајќи за заложбите на Владата за развивање на дигитални вештини, министерот Манчевски презентира неколку проекти и активности на кои се работи во моментов.

„Дигиталните вештини се клучни за да ги задржиме младите во регионот, да работат тука за повисоки плати и да придонесат за економски развој. Преку проектот ‘Младинска гаранција’, целта е да се трансформираат не ИТ кадрите во ИТ кадри за краток период од најмногу една година. Проект ‘Поврзани училишта’, на чие осмислување работиме во моментов, значи креирање на дигитални содржини и поврзување на сите училишта во земјата. Во завршна фаза сме и со првиот Технолошки парк, и создавање на инкубатори за мали фирми. Ова ќе обезбеди нова средина и систем за младите да останат во Македонија, да бидат успешни и да придонесат за развој на економијата“, заклучи Манчевски.  

Претставникот од германското министерство за економски работи и енергетика го поздрави обраќањето на министерот Манчевски, потенцирајќи дека Македонија покажува посветеност и спремност да работи на дигиталната агенда во земјата, но и во земјите од регионот.

Министерство за информатичко општество и администрација

MINISTER

Minister od information society and administration

Search form