Доделени дигитални рeсивери на социјални семејства

Скопје, 23 мај 2013

Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Иво Ивановски и Спиро Ристовски, заедно со извршниот директор на Македонската радио телевизија, Марјан Цветковски, денес доделија дигитални ресивери на приматели на социјална парична помош.

Министерот Ивановски го врачи Сертификатот за функционалност на Царинската Управа

Скопје, 22 мај 2013

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на директорот на Царинската Управа, Ванчо Каргов, официјално му го врачи Сертификатот за функционалност на царинскиот информациски систем МАКЦИС, наменет за обработка на царински декларации. МИОА го издава овој сертификат за информациските системи кои ги користат органите при комуникација и размена на податоци и документи по електронски пат, а Царинската Управа е првата државна институција во Македонија која добива ваков сертификат.

Техничка помош за МИОА и за спроведување на обуките во администрацијата

Скопје, 20 мај 2013

Во рамките на ИПА проектот за техничка помош на Министерството за информатичко општество и администрација за зајакнување на националниот систем за обуки, министерот Иво Ивановски денес одржа состанок со претставници на групацијата Латанзио, предводени од директорот Џовани Мастрандреа, како и со претставници од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Министерот Ивановски одликуван со Сребрен медал на честа за заслуги од ITU

Женева, 17 мај 2013

Во Женева заврши Светскиот самит за информатичко општество 2013, кој од 14 до 16 мај, на едно место ги собра највлијателните организации, компании и министри на влади од областа на информатичко-комуникациските технологии.

Видео изјава на министерот Ивановски на Светскиот самит за информатичко општество 2013 во Женева

Женева, 14 мај 2013

Министерот Ивановски избран за претседавач со Светскиот телекомуникациско-политички форум во Женева

Женева, 14 мај 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес е избран за претседавач на Светскиот телекомуникациско-политички форум 2013, кој се одржува во Женева, Швајцарија.

Отворање на Светскиот самит за информатичко општество 2013 во Женева

Женева, 13 мај 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес учествува на Форумот на Светскиот самит за информатичко општество 2013, кој се одржува во Женева, Швајцарија.

Предлог за намалување на надоместот за дигитализација на телевизиите

Скопје, 11 мај 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска на прес-конференција соопшти дека поднесено е барање до oператорот ONE за намалување на цените за годишен надомест за дигитализација за 36 проценти, како за националните, така и за локалните (регионални) телевизиски станици.

Обука за заштита од хакирање на социјалните мрежи

Скопје, 10 мај 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес учествуваше на практичната обука за запознавање на можностите и начините за хакирање на социјални мрежи, на која имаше свое обраќање во рамките на кампањата „Сурфај безбедно„. Покрај ова на обуката беа претставени и начините на кое може да се пронајде и открие провалник и што да се направи за да се заштитиме во иднина.

Јавна расправа со операторите на јавните комуникациски услуги за Нацрт-законот за медиуми

Скопје, 08 мај 2013

Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, денес на работна средба беше разгледан со операторите на јавните комуникациски услуги.

Syndicate content