Обука за 220 невработени лица за стекнување со ИТ напредни вештини

Скопје, 13 јуни 2015 година

Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Иво Ивановски и Диме Спасов, како и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, денеска го објавија новиот повик за обука за напредни ИТ вештини за 220 долгорочно невработени лица, кои се активни баратели на работа.

Ивановски : Дополнителни 296 ваучери за таблети за студентите

Скопје, 3 јуни 2015 година

Министерот Ивановски денеска го посети продажниот салон на „СЕТЕК – се од техника„ во ТЦ Соравија, каде информираше за текот на активностите поврзани со проектот за доделување на таблети за студенти.

 

Започна натпреварот за изработка на апликации со отворени владини податоци

Скопје, 3 јуни 2015 година

Во рамките на Денот на отворени податоци, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и генералниот директор на Мајкрософт во Скопје, Стефан Плавјански, денеска го означија почетокот на Open Data Hackathon натпреварот.

Арсовска Томовска на експертската дебата на тема “Службеничкиот систем во Република Македонија”

Скопје, 2 јуни 2015 година

На Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје денеска се одржа експертска дебата на тема „Службеничкиот систем во Република Македонија„ во рамките на проектот “Форум за јавна администрација”, а организиран од Фондацијата Фридрих Еберт, а во соработка и поддржан од Правниот факултет “Јустинијан први” при УКИМ и Факултетот за јавна администрација при Универзитетот ЈИЕ Тетово.

Ден на отворени податоци - почеток на Open Data Hackathon натпреварот

Скопје, 2 јуни 2015 година

Како дел од заедничката иницијатива помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Мајкрософт, од 3 до 22 јуни 2015 година, ќе се одржи Open Data Hackathon натпреварот.

Арсовска Томовска на Конференцијата за затворање на IPA TAIB 2009 проектот финансиран од ЕУ

Скопје, 1 јуни 2015 година

Денеска се одржа завршната конференција за IPA TAIB 2009 проектот „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“, во чии рамки обраќање имаше заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Доделување на ваучери за набавување на таблет компјутери

Скопје, 28 мај 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Деканот на Природно - математичкиот факултет, Ицко Ѓоргоски, денеска ги доделија ваучерите за набавување на таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.

Доделување на ваучери за набавување на таблет компјутери

Скопје, 20 мај 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Димитар Трајанов, денеска ги доделија ваучерите за набавување на таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.

Ивановски на меѓународната регулаторна конференција во Охрид

Охрид, 19 мај 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски се обрати на воведната сесија на Меѓународната регулаторна конференција што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на Агенцијата за Електронски Комуникации.

Ивановски: Од 30 јуни драстично пониски цени во роаминг

Скопје, 18 мај 2015 година

Во Агенцијата за Електронски комуникации денеска се одржа прес конференција на која беше најавена Меѓународната регулаторна конференција која утре и задутре ќе се одржи во Охрид. Целта на конференцијата е да се поттикне јавната расправа за прашања поврзани со најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот.

Арсовска Томовска во посета на Италијанската национална школа за администрација во Рим

Скопје, 11 мај 2015 година

Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, ја посети Италијанската национална школа за администрација во Рим, каде оствари средба со претседателот на школата проф. Џовани Триа.

Syndicate content