|
Промовирана нова електронска продавница во Битола
Битола, 5 април 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес во Битола ја промовираше новата веб продавница „Софтвер Девелопер„ www.softwaredeveloper.mk, која изработува апликативни софтвери за претпријатија и спроведува курсеви за студенти и вработени од областа на програмирањето, математиката, физиката и астрономијата.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
За поднесување барања за посетување на прва почетна обука за проценувачи од областа на Информатичка технологија
Скопје, 05 април 2013
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач да поднесат барање за посетување прва почетна обука за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.
Нов закон за воведување на концептот на квалитет во државната служба
Скопје, 29 март 2013

На предлог на граѓанинот Богољуб Ангелковски, долгогодишен консултант за ИСО стандарди, даден на отворената владина манифестација „Ден на идеи„ наскоро ќе биде донесен Законот за за воведување на систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба. Законот ја помина владината процедура и е испратен на разгледување и усвојување во Собранието на Република Македонија.
Дискусија околу новиот Закон за електронски комуникации
Скопје, 28 март 2013

Министерството за информатичко општество и администрација започна јавна дебата околу измените на Законот за електронски комуникации, а денес беа промовирани пакет мерките кои ќе треба да поттикнат и промовираат ефикасна конкуренција, инвестиции и иновации, особено во насока на воведување на следни генерации бродбенд мрежи.
Арсовска Томовска на Конференција за технологија во Обединетите Арапски Емирати
Абу Даби, 27 март 2013
Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Томовска-Арсовска и министерот за образование и наука Панче Кралев, од 25 до 28 март, учествуваат на 25-тата годишнина на Високиот колеџ за технологија, седмиот Саем за образование без граници и на петтиот „Festival of thinkers“ што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, a на покана на министерот за високо образование и научни истражувања на Обединетите Арапски Емирати, Шеикот Нахјан Мубарак Ал Нахјан.
Циклус обуки за Управување и раководење темелено на компетенции
Скопје, 26 март 2013

Министерството за информатичко општество и администрација во рамките на проектот “Поддршка на реформата на јавната админситрација”, поддржан од Британската Амбасада (фонд ДИВ), во текот на февруари и март 2013 година, организираше седум дводневни обуки и менторство за примена на системот на управување темелен на компетенции.
Eдукативен караван на кампањата„Сурфај безбедно“
Скопје, 20 март 2013

По официјалната промоција на кампањата „Сурфај безбедно“ која се одржа на 10 март 2013 година, активностите продолжија преку едукативен караван, со пренесување на пораката за „Умно, одговорно и безбедно на интернет“.
Тркалезна маса „Дигиталната инклузија во Македонија“
Скопје, 20 март 2013

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, се обрати на Тркалезната маса „Дигиталната инклузија во Македонија“, посветена на јакнење на свеста за потребата и можните придобивки од обезбедувањето пристап до компјутери и интернет за сите граѓани.
Седми состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој во Мексико Сити
Мексико Сити, 17 март 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествува на Седмиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, која се одржува во Мексико Сити. На средбата присуствуваат 50-ина претставници од повеќе земји во светот, меѓу кои од УНЕСКО, Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Европската комисија, политички претставници на повеќе земји од светот и од Интернационалната телекомуникациска унија (ИТУ).
Промовирана првата верзија на софтвер за синтеза на македонски говор
Скопје, 13 март 2013

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, ја промовираа првата верзија на софтверот за синтеза на говор на македонски јазик. Ова софтверско решение е од големо значење за слепите лица во Република Македонија, бидејќи овозможува генерирање на аудио говор на македонски јазик од електронски содржини.
Меѓународна работилница за роботика и автоматика “РобоМАК 2013”
Скопје, 12 март 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес се обрати на свеченото отворање на Меѓународната работилница за роботика и автоматика “РобоМАК 2013”, која се одржа на Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
|
|
|