Интервју на Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, за ,,Вест".

Скопје, 14 декември, 2015

МИОА доби плакета за поддршка и партнерство во проект на УСАИД

Скопје, 12 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска присуствуваше на завршниот настан на Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), финансиран од УСАИД. По тој повод, на Арсовска Томовска и беше врачена плакета со која му се оддава признание на Министерството, за континуираната поддршка и партнерство во проектот.

Успешно спроведен проектот за набавка на опрема за интероперабилност

Скопје, 10 декември 2015 година

Во просториите на ЕУ Инфо центарот, денеска беше организиран настан по повод успешното спроведување на проектот: Добавување на опрема за платформа за интероперабилност во Министерството за информатичко општество и администрација, финансиран од ЕУ.

Обраќање на Арсовска Томовска на работилница за безбедност и слобода на новинарите

Скопје, 10 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска се обрати на работилницата на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите на Македонија“, организирана од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), а по повод Светскиот ден на човековите права.

Арсовска Томовска на конференција во Париз за реформи на администрацијата

Париз, 4 декември 2015

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на министерската конференција на високо ниво во Париз, на тема: ,,Предизвици во реформите на јавната администрација , во земјите од Западен Балкан". Во своето обраќање таа се осврна на досегашните искуства поврзани со процесот на спроведувањето реформи во Република Македонија во однос на јавната администрација и идните планови на тоа поле.

Арсовска Томовска оствари одделни средби со извршните директори на компаниите 'NetGroup' и '6pm'

Скопје, 1 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се сретна со Приит Конго, извршен директор и сопственик на естонската софтверска компанија 'NetGroup', кој претходно имаше работни средби со неколку македонски ИТ компании во насока на остварување потенцијална деловна соработка.

Арсовска Томовска на конференцијата „ИКТ во Агробизнисот”

Скопје, 25 ноември 2015

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска се обрати на отворањето на дводневната конференција „ИКТ во Агробизнисот”, во организација на МАСИТ – ИКТ Стопанска комора, што се одржува во хотелот Александар Палас во Скопје.

Реакција на МИОА

Скопје, 20 ноември 2015 година

Во врска со текстот објавен на интернет порталот „ПЛУСИНФО“ со наслов „Паркинзи Центар опседнато од инспекции, оспорува три закона пред Уставен“ во кој се наведува дека Саша Богдановиќ, директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ЈП ПОЦ) се жали дека јавното претпријатие е опседнато од инспекции, дека извршната власт насилно го узурпира правото на локална самоуправа, Ве известуваме за следното:

Арсовска Томовска на конференција за реформата на јавната администрација

Скопје, 29 октомври 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска имаше обраќање на панел сесијата ,,Реформа на јавната администрација – Заложби за квалитетно, транспарентно и ефективно демократско владеење во 21 век", што се одржа во рамки на конференцијата „Агенда за проширување – Достигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација“.

Конференција за интероперабилност во дигитална Европа

Скопје, 26 октомври 2015 година

Во рамките на проектот „Поддршка на државната служба и реформите во администрацијата„ денеска се одржа "Конференција за интероперабилност во дигитална Европа", која е во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за економска соработка и развој на Австрија.

Доделени стипендии за најдобрите ИКТ студенти од кинеската компанија Хуавеј

Скопје, 19 октомври 2015 година

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и компанијата Хуавеј од НР Кина, денеска на свечена церемонија во рамките на програмата „Семиња за иднината 2015„ им беа доделени сертификати за стипендии на најдобрите студенти од ИКТ факултетите при државните универзитети во Република Македонија.

Syndicate content