Естонска компанија во потрага по бизнис партнери во Македонија

Скопје, 15 октомври 2015 година

Во рамки на активностите на Владата на Република Македонија за отворање нови работни места и привлекување на странски инвестиции во март 2015 година тогашниот министер Иво Ивановски во Министерството за информатичко општество и администрација оствари посета и презентација пред ИТ компаниите во Талин, Естонија.На презентацијата беа покажани можностите за инвестирање во Македонија, како и потенцијалната деловна соработка на ИТ компаниите, како една од можностите за проширување и отворање на пазарите. По остварени средби во Естонија, деновиве Министерството за информатичко општество и администрација беше домакин и организираше работни средби меѓу естонската компанијата 'NetGroup' и претставници на повеќе македонски софтверски компании.

Достапни можности за финансирање на медиумски здруженија, тинк-тенк организации и медиумски синдикати преку програми на ЕУ

Скопје, 15 октомври 2015 година

Почитувани,

Во рамките на воспоставената соработка на Министерството за информатичко општество и администрација со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, ви ја пренесуваме листата на можности за финансирање на медиумски здруженија, тинк-тенк организации и медиумски синдикати преку програми на ЕУ.

Македонија на Google Street View

Скопје, 8 октомври 2015 година

Почнувајќи од денеска со лансирањето на новата Street View галерија во Македонија, виртуелно може да се истражува центарот на Скопје, да се прошета низ Битола и низ Охрид. Од живописните планински слики од Маврово и Ростуше, до прекрасното Охридско Езеро или Камениот мост во Скопје, 360 панорамските слики ги покажуваат некои од најважните туристички и историски локалитети и природна убавина на земјата.

Среднорочен извештај за самооценување - Акциски план за отворено владино партнерство 2014-2016 година

Скопје, 6 октомври 2015 година

На 7 септември 2015 година на порталот http://e-demokratija.mk се објави за консултации Нацрт - Среднорочниот извештај за самооценување- Акциски план за отворено владино партнерство 2014-2016 година на македонски и англиски јазик и истиот беше достапен за мислења, коментари и забелешки до 23 септември 2015 година.

Арсовска Томовска на Европска конференција за јавна администрација во Луксембург

Луксембург, 1 октомври 2015 година

Повеќе од 300 претставници на јавната администрација и академската заедница од европските земји, присуствуваа на Европската конференција за квалитет, која на 1 и 2 октомври се одржа во Луксембург, како земја претседавач со ЕУ. На конференцијата учествуваше и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Доделени наградите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика

Охрид, 18 септември 2015 година

На свечена церемонија во Охрид денеска беа доделени наградите и медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика, врвен настан во програмирање кој претходи на Балканската и Интернационалната олимпијада по информатика. Македонија годинава е домаќин на настанот, кој од 14 до 19 септември се одржува во Охрид, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија.

Претставен видео спот за безбедност на интернет

Скопје, 18 септември 2015 година

Во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска се одржа третиот јавен состанок на кој беше претставен видео спот за безбедност на интернет, во рамките на проектот на Министерството за информатичко општество и администрација „Сурфај безбедно„.

Арсовска Томовска како член на големото жири во Баку

Баку, 17 септември 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, од 17 до 20 септември престојуваше во Баку, Азербејџан, како член на големото жири за доделување на светската награда за најдобра мобилна апликација (The World Summit Award Grand Jury 2015).

Покана за последипломски студии

Скопје, 16 септември 2015 година

TODAİE има чест да ги покани студентите од Република Македонија за Мастер студии по Меѓународна напредна програма за раководење во јавниот сектор (Advanced Public Executive Master Degree Program -APEP) и докторски студии по политички науки и јавна администрација (PhD in Political Science and Public Administration) во академската година 2015-2016. Брошурата за програмите е во прилог, за ваше информирање.

Потпрограмата „Медиа„ достапна за македонскиот аудиовизуелен сектор

Скопје, 4 август 2015 година

Република Македонија и македонскиот аудиовизуелен сектор официјално станаа полноправни учесници на потпрограмата „Медиа„ која е интегрален дел од програмата „Креативна Европа за периодот 2014-2020 година.„ Ова на прес-конференција денес го соопштија министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска.

Оглас за позицијата директор на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)

Скопје, 24 јули 2015 година

Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) го објави огласот за позицијата директор на организацијата и ги повикува заинтересираните кандидати да аплицираат за функцијата до 11 септември 2015 година.

Syndicate content