Јавна дискусија на тема: „Реформи во медиумскиот сектор“

Скопје, 14 јули 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација организираше јавна дискусија на тема: „Реформи во медиумскиот сектор“. На јавната дискусија свое обраќање имаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Потпишување на меморандум МИОА-ИДЕАС ДеПо

Скопје, 13 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски потпиша меморандум за разбирање со извршниот директор на „ИДЕАС ДеПо“ , Александар Шахов. Меморандумот се однесува на реализација на активности во областа на инспекциското работење. Заедничката соработка е дел од проектот „Модернизација на инспекциските служби“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Прес конференција на министерот Дамјан Манчевски и претседателот на ИКТ комората Огненовски

Скопје, 12 јули 2017 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателот на ИКТ комората Саша Огненовски, одржаа прес конференција посветeна на економските мерки за развој на ИТ секторот.

 

Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ

Скопје, 12 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ.

 

Спроведена обука за Проценка на влијанието на регулативата

Скопје, 10 јули 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Централниот регистар на РМ, во рамки на активностите на Проектот за унапредување на процесот на Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), организираа обуки за Проценка на влијанието на регулативата со поддршка од Норвешки експерти од Централниот регистар на Норвешка.

Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние

Скопје, 06 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние.

 

Едукацијата и пренесувањето на позитивни примери од Франција во работењето на администрацијата беше една од темите за кои се разговараше на средбата.

Министерот Дамјан Манчевски оствари средба со Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија и Косово

Скопје, 5 јули 2017 година

 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска одржа средба со Марко Мантованели, директор за Македонија и Косово при Светска Банка.

 

Министерот Дамјан Манчевски се сретна со амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалинен

Скопје, 5 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, амбасадорката Нина Суомалаинен и со Гонзало де Чезаре, раководител на одделот за човекова димензија.

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 4 јули 2017 година

Денес, со почеток во 15:00 часот, во просториите на Владата на Република Македонија, министерот за информатичко ипштество и администрација, г-динот Дамјан Манчевски одржа прес за медиумите, на кој ја соопшти одлуката на Владата за утврдување на флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа.

Две работни средби на министерот Дамјан Манчевски во просториите на МИОА

Скопје, 3 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денес оствари две работни средби во просториите на МИОА - со Н.Е. Луиза Винтон, постојана координаторка на Обединетите Нации (ОН) за Македонија и постојан претставник на Програмата за развој на ОН во Македонија и со Саша Огненовски претседател на ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори.

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 3 јули 2017 година

Комисијата за избор на студенти од ИКТ факултетите за студиска посета на НР Кина поддржана од компанијата Huawei ги одбра најдобрите студенти од првите пет различни факултети и тоа:

Syndicate content