Министерот Манчевски оствари средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД, Сузан Фалатко

Скопје, 14 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, оствари работна средба со заменик-директорот на канцеларијата на САД за прашања од југо-централна Европа, Сузан К. Фалатко.

 

Обуки за Проценка на влијание на регулативата

Скопје, 13 февруари 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Центарот за управување со промени, во рамки на на проектот „Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација“, организира четири фокус групи. Во групите активно беа вклучени вработени во министерствата кои непосредно работат на подготвување на предлози на закони и спроведување на Проценка на влијание на регулативата (ПВР) во министерствата и подготовка на Извештај за ПВР.

Средба на министерот Манчевски со Синдикатот на УПОЗ

Скопје, 12 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, одржа работна средба со претставници на Синдикатот УПОЗ.

Колкава е вредноста на склучените јавни набавки на МИОА во 2017-та година, според вид на постапка?

Скопје, 10 февруари 2018 година

Преку новите отворени податоци на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) можете да го истражувате и да правите персонализирани анализи на системот за јавни набавки во Македонија или да најдете информации за конкретни институции/носители на набавка.

Формиран Национален совет за информатичка и компјутерска технологија кој ќе изготви и ќе ја имплементира Стратегијата за ИКТ

Скопје, 09 февруари 2018 година

Со денешниот прв состанок, започна работата на Националниот совет за информатичка и компјутерска технологија (ИКТ). Со него ќе претседава Владимир Цветковиќ, советник за ИКТ на претседателот на Владата, а заменик претседател е министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

МИОА: Реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 09 февруари 2018 година

Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, со воведувањето на антикризни мери, незаконски го укина правото на финансиски додаток на кариера на вработените во јавната администрација.

Известување за почеток на процесот за подготовка на четвртиот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020

Скопје, 08 февруари 2018 година

Почитувани претставници на организации на граѓанското општество,

 

Ве известуваме дека започнува процесот на подготовка на четвртиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 (НАП4).

Работилница за изработка на Национална стратегија за отворени податоци

Скопје, 05 февруари 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Центарот за управување со промени, на ден 31.01.2018 година ја организираше втората работилница на работната група за изработка на Национална стратегија за отворени податоци. Изработката на Стратегијата е во рамките на проектот „Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација“, финансиран од Британската амбасада Скопје.

Европската Комисија со конкретни мерки за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот

Софија, 2 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска е во работна посета на Софија, Бугарија.

 

Во рамки на посетата, министерот Манчевски оствари средба со еврокомесарката Мариа Габриел.

Министерот Манчевски на средба со еврокомесарката Габриел

Софија, 02 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска е во работна посета на Софија, Бугарија. Во рамки на посетата ќе оствари средба со еврокомесарката Мариа Габриел. На состанокот помеѓу другото, ќе се разговара и за престојниот Дигитален Самит што ќе се одржи во Скопје, на 18ти и 19ти април, оваа година.

Манчевски: За сајбер безбедноста клучна е соработката помеѓу надлежните институции

Скопје, 01 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорот на Светска Банка за Македонија, Марко Мантованели, во рамки на тридневната работилница за: „Проценката на моделот за зрелост на капацитетите за информатичка безбедност“, одржаа прес конференција.

Syndicate content