Меѓународна конференција за „Дигиталната агенда на Југоисточна Европа”

Брисел, 15 декември 2011

На 13-ти декември во Брисел, во заедничка организација на Cullen international и фондацијата Madariaga - College of Europe, чиј претседател е Хавиер Солана, се одржа меѓународна конференција на тема Дигиталната Агенда за регионот на Југоисточна Европа. Целта на оваа конференција на високо ниво е обединување на претставниците на ЕУ, националните креатори на политики, регулаторни органи, како и најголемите регионални инвеститори.

Обуки на администрацијата за подготовка и примена на законите

Скопје, 07 декември 2011

Педесет државни службеници од различни институции преку обуки ги унапредуваа знаењата и вештините во подготовка и спроведување закони и прописи, како дел од проектот „Подготовка на прописи - циклус обуки за администрацијата“.

Конкурс за бесплатна обука на граѓани за работа со компјутери

Скопје, 05 декември 2011

 

Со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за обука за користење на програми за кацелариско работење и користење на интернет, посебно на тие од социјално загрозените групи, а воедно и за да се обезбеди поголема искористеност на можностите што ги нудат бесплатните интернет клубови во државата, Министерството за информатичко општество и администрација организира бесплатна обука за работа со компјутери.

Воведување на стандард за квалитет во работењето Заедничка рамка за оценка - CAF

Скопје, 01 декември 2011

Соочувајќи се со предизвиците на европската интеграција, но и потребата од подобрување на услугите кон граѓаните, вклучувајќи ги и нивните се поголеми очекувања, градењето на ефикасна, модерна и транспарентна државна служба која ќе обезбеди висок квалитет во работењето, е една од клучните определби на Министерството за информатичко општество и администрација.

Колку Македонија е „е-Македонија“?

Скопје, 29 ноември 2011

Интервју на Министерот м-р Иво Ивановски за „Кајгана“

Текст: Гоце Постоловски

Средба на амбасадорот Пол Волерс со министерот Иво Ивановски

Скопје, 28 ноември 2011

Американскиот амбасадор Пол Волерс попладнево го посети Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и со министерот Иво Ивановски разговарал за досегашната соработка, која успешно се реализира, пред се, преку проектите поддржани од Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Во Битола засадени 40.000 дрвца и собрани 8.000 потписи со поддршка на еко-акцијата

Битола, 23 ноември 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, градоначалниците на трите пелагониски општини, ректорот Златко Жоглев заедно со претставници на повеќе институции, здруженија на граѓани и ученици, денеска во месноста „Бел камен“ ја реализираа традиционалната еко-акција на засадување млади дрвца во околината на Битола.

Започна изработката на системот за синтеза на говор на македонски јазик

Скопје, 22 ноември 2011

 

Денес, 22.11.2011 година, Министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски, склучи Договор со Факултетот за информациски технологии и компјутерско инженерство за изработка на системот за синтеза на говор на македонски јазик.

Бесплатна обука во владините интернет клубови
Скопје, 21 ноември 2011

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска го промовираше новиот проект на Министерството „Светот на дланка“.

 

Проектот вклучува бесплатна обука во интернет-клубови на 22 локации во 22 градови од 1 јануари 2012 година за сите апликации за канцелариско работење.

Оглас за избор на обучувачи

Рок за пријавување: 10 декември 2011

 

Со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за обука за користење на програми за кацелариско работење и користење на интернет, посебно на тие од социјално загрозените групи, а воедно и за да се обезбеди поголема искористеност на можностите што ги нудат бесплатните интернет клубови во државата, Министерството за информатичко општество и администрација организира бесплатна обука за работа со компјутери.

Работилница за е-пристапност

Скопје, 18 ноември 2011

 

Владите и невладиниот сектор, преку заедничка соработка треба да овозможат социјална вклученост во општеството на ранливите категории граѓани преку полесен и ефективен пристап до информациско-комуникациските технологии. Придобивките од модерните технологии треба да бидат достапни за таа категорија граѓани, да им го олеснат и подобрат секојдневниот живот.

 

Syndicate content