Министерот Иво Ивановски на Шестата Министерска конференција насловена „Е-владини услуги за Европа без граници“

Позњан, 18 ноември 2011

 

Полското претседателство со Европската унија, во соработка со Министерството за внатрешни работи и администрација на Полска и Европската комисија, ја организираа Шестата Министерска конференција насловена „Е-владини услуги за Европа без граници“ 17-18 ноември 2011 година, Позњан, Полска.

Министерот Ивановски во директна комуникација со граѓаните

Скопје, 15 ноември 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денес на терен ги прашуваше граѓаните дали се задоволни од администрацијата и со какви проблеми најчесто се соочуваат.

 

Дел од граѓаните се задоволни од работата на администрацијата во Централниот регистер, а некои се делумно. Генерално во целата администрација бараат да се намали чекањето пред шалтерите, најчеста појава во вторник и во петок, како и поголема ефикасност преку поврзување на институциите со цел побргу да ги добијат бараните документи.

Нов систем за учење на администрацијата со обуки во тек на работното време

Скопје, 11 ноември 2011

Вработените во администрацијата ќе добијат можност постојано да учат за новините во областа на своето работење  и да ги подобруваат знаењата во текот на работното време кога ќе немаат работни обврски. Тоа треба да се реализира со примена на систем за микроучење, т.н. лејтнер модел на едукација, што го најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Заокружен проектот „Помош во областа на рефиормите во јавната админисрација“ на МИОА и на ЕУ

Скопје, 10 ноември 2011

Пет институции кои нудат повеќе од 50 шалтерски услуги во иднина ќе добијат препораки од Министерството за информатичко општество и администрација (MИОА) како да ги направат поевтини и поефикасни услугите кон граѓаните.

Иницијатива за е-Југоисточна Европа - министерска средба за развој на информатичко општество

Тирана, 7 ноември, 2011

Во рамки на Иницијативата за е-Југоисточна Европа (eSEE Initiative) при Регионалниот Совет за соработка (Regional cooperation Council), 06-08 ноември во Тирана се одржува министерска средба за развој на информатичко општество. Целта на собирот е усвојување на Заедничка Декларација за  развој на информатичкото општество во земјите од Југоисточниот европски регион и ревидирана „eSEE Агенда +” со насоки и мерки за понатамошен развој на регионот.

Од сега прашањата за испитот за јавната администрација достапни на Интернет

Скопје, 4 ноември 2011

Кандидатите за вработување во јавната и државната администрација во иднина ќе имаат исти услови за полагање на стручниот и основниот дел од испитот за влез во администрацијата.

 

Тоа ќе го овозможат публикуваните прашања за вработување за јавни и за државни службеници што може да се најдат на веб-страниците на Министерството за информатичко општество и администрација и на Агенцијата за администрација што се однесуваат за секој конкурс за вработување во администрацијата и за кои е дадена насоката каде може да се најде одговорот.

Промовирани новите електронски учебници за 5-то и 6-то одделение

Скопје, 4 ноември 2011

Сите учебници за кои Министерството за образование и наука има авторски права, Министерството за информатичко општество и администрација ги дигитализира и ги поставува на веб порталот e-ucebnici.mk, да бидат достапни за сите ученици.

 

Нови 53 учебници за петто и шесто оддделение се дигитализирани и поставени на веб страницата e-ucebnici.mk. Со тоа вкупниот број учебници кои учениците можат да ги најдат и користат во електронска форма изнесува 103.

Работна посета во Израел

Скопје, 3 ноември 2011

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, како дел од владина делегација, заедно со министерот за образование и наука, Панче Кралев, генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски и Амбасадорот на Република Македонија во Израел, Петар Јованоски, во периодот од 24 до 27 октомври 2011 година беше во работна посета на Израел.

Четвртиот состанок на широкопојасната комисија поддржува нови широкопојасни цели и објавува глобален „широкопојасен предизвик“

Женева, 25 октомври 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Иановски како комесар во Широкопојасната комисија за дигитален развој учестуваше на Четвртиот состанок на комисијата на кој присуствуваа над 250 владини и стопански лидери од целиот свет и разменија мислења за предизвиците и можностите за „идното градење на широкопојасен интернет.“

- Mi.Sc Ivo Ivanovski - Minister of Information Society and Administration

- Dr Hamadoun Touré, ITU Secretary-General

Конференција за зајакнување на владеењето на правото

Скопје, 20 октомври 2011

На 19-ти и 20-ти октомври 2011 година, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа Конференција на тема „Политика за подобра регулатива како инструмент за зајакнување на владеењето на правото“.

Промовирани обуки за софтвер наменет за Управниот инспекторат

Скопје, 19 октомври 2011

Денеска во просториите на Сивус едукативниот и развоен центар, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ги промовираше Обуките за користење на софтверот за управување со информациите и документите на Државниот управен инспекторат.

Syndicate content