Анализа на кориснички искуства на Националниот портал за е-услуги

Скопје, 26 декември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација во моментов спроведува анализа на искуства при користење на Националниот портал за е-услуги.

 

Целта од активноста е да се добие и анализира корисничкото искуство од насловната страна на Националниот портал.

Предизвици и проблеми при користење на услугите од јавната администрација

Скопје, 25 декември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со постојаната соработка со граѓанскиот сектор при детектирање на проблемите и креирање на политиките за подобрување на услугите што граѓаните ги добиваат од институциите.

Обуки за примена на Законот за општа управна постапка при вршење на инспекциски надзор

Скопје, 22 декември 2017 година

Заврши првата фаза на обуки наменети за инспекторите од централната власт за примена на Законот за општа управна постапка (ЗОУП). Во изминатите десет дена во Скопје, се одржаа обуки на кои присуствуваа 450 инспектори.

 

Формиран е Советот за реформа на јавната администрација

Скопје, 21 декември 2017 година

Денеска во Владата на Република Македонија се формираше Совет за реформа на јавната администрација, што ќе ја следи реализацијата на Стратегијата за реформи во јавната администрација, дел од Планот 3-6-9.

 

Проект за унапредување на дигиталната писменост во Република Македонија - Национален MOS (Microsoft Office Specialist)

Скопје, 21 декември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на настанот со кој се најави започнувањето на проектот за унапредување на дигиталната писменост во Република Македонија - Национален MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар.

Одржана дебата на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми"

Скопје, 21 декември 2017 година

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и на Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, денеска се одржа отворена дебата на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“.

Информација и покана за трибина на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“

Скопје, 20 декември 2017 година

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и на Кабинетот на министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, ќе се одржи јавна трибина на тема „Утврдување на потребата за можни измени во Законот за медиуми“.

Јавна дискусија за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Скопје, 19 декември 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски денес учествуваше на јавна дискусија за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер организирана од Министерството за правда заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија.

Меморандум за соработка со УНДП

Скопје, 19 декември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што започнува имплементацијата на проектот „Една точка на услуги“ и почеток на хоризонталната функционална анализа на јавната администрација.

НАЈАВА

Скопје, 19 декември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон, ќе го најават почетокот на проектот „Една точка на услуги“ и почетокот на функционалната хоризонтална анализа на јавната администрација. Настанот ќе се одржи на 19-ти декември (вторник), со почеток од 10:00 часот, во просториите на Комерцијална банка, во склоп на новите шалтери на Управата за водење на матични книги (спроти Уставен суд).

МИОА започнува со обуки за управување со квалитетот во јавниот сектор

Скопје, 19 декември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА) од денеска започнува со обуки на тема: Управување со квалитет во јавниот сектор.

Syndicate content