Сподели:

Втор состанок на Секретаријатот за реформа на јавната администрација

 

Скопје 18 јули 2018 година

Денеска се одржа вториот состанок на Секретаријатот за реформа на јавната администрација со кој претседаваше раководителот на Секретаријатот Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација.

На состанокот се разговараше за статусот на реализација на активностите од Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година, Буџетот за 2019 година по однос на Акцискиот план на Стратегијата за РЈА 2018-2022, како и насоките за подготовка на полугодишниот Извештај за реализација на активностите предвидени во Акцискиот план. Исто така, беа презентирани првичните наоди од Извештајот за мапирање на институциите, изработен од страна на УНДП.

Врз основа на донесените заклучоци, МИОА треба да го подготви полугодишниот извештај, согласно предвидените рокови.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form