Сподели:

Манчевски: Воведуваме јасни стандарди и критериуми за избор и разрешување на раководителите на институциите во Македонија

Скопје, 12 септември 2018 година

Министерството за инфорамтичко општество и администрација прави голем исчекор во насока на професионализација и департизација на јавната администрација. Тоа е едно од клучните барања на граѓаните, но и на нашите партнери од ЕУ. Владата на вчерашната седница ја прифати  информацијата носење на Закон за висока раководна служба. Целта на оваа реформа е поставување на јасни стандарди и критериуми, како и полна транспарентност при изборот и разрешувањето на раководителите на институциите во Македонија.

„Македонија е прва земја од регионот којашто со започнување на оваа реформа, се обврзува преку нов закон да утврди јасни критериуми за избор на професионални раководни кадри. Ова е можеби еден од најважните чекори во процесот на професионализацијата на администрацијата, што е една од главните цели на процесот на реформа на јавната администрација. Тоа ќе се постигне преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и правична застапеност. Со овој концепт, ќе се постигне професионализација на високите раководни позиции“, истакна министерот Манчевски.

Со новиот закон за Висока Раководна Служба, ќе се воспостави унифицирана процедура за назначување на раководна позиција, професионализација на раководните позиции,  издвоена од политичкото управување, со политичка одговорност.

Како што истакна министерот Манчевски, високата раководна служба ќе се вработуваат преку систем на заслуги и процедури на јавен оглас, отворен за сите граѓани со високо образование.  Раководителите ќе се избираат преку индивидуализирани процедури.

„Преку оваа реформа, исто така сакаме да воспоставиме и пракса на постојана ревизија на раководителите на институциите. Тоа значи дека тие ќе бидат предмет на оценување една година по назначувањето, и на секои наредни две години. Со воведувањето на системот на оценување ќе се зголеми ефикасноста, квалитетот, ефективноста, а со тоа и одговорноста на овие служби, за разлика од моменталната состојба каде сите овие индикатори отсуствуваат“, заклчуи министерот Манчевски.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form