Сподели:

Регионална Европска работилница на тема „Национални стратегии за сајбер безбедност“

На 26-28 јуни 2019 година Министерството за информатичко општество и администрација ќе биде домаќин на Регионалната Европска работилница на тема „Национални стратегии за сајбер безбедност“ која ја организира  Меѓународната унија за комуникации (International Telecommunication Union), во соработка со Центарот за управување со безбедносниот сектор Женева (DCAF).

Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје, од 26ти до 28ми јуни 2019 година.

Работилницата ќе се одржи во рамките на регионалната иницијатива за Европа на Меѓународната унија за комуникации, а има за цел ревидирање на националните стратегии за сајбер безбедност, како и споделување на регионалните најдобри практики и студии на случаи.

По одржување на работилницата ќе биде изготвен извештај за проценка кој ќе ги содржи клучните пронајдоци и препораки за воспоставување или унапредување на постоечките Национални стратегии за сајбер безбедност на секоја економија учесничка.

Земајќи го во предвид процесот на интеграција на економиите од Западниот Балкан во Европската Унија, посебен акцент на оваа работилница ќе биде ставен на економиите од Западниот Балкан, а резултатите од овој настан истовремено ќе придонесат и за повеќегодишниот План за дигитална интеграција 2018-2020.

Сите потребни информации за овој настан, агендата и потребните информации за регистрација може да ги најдете на веб страната на Меѓународната унија за комуникации https://www.itu.int/en/ITU-D/Regional-Presence/Europe/Pages/Events/2019/NCS/NationalCybersecurityStrategies.aspx.

Доколку сакате да го пријавите своето учество, ве молиме да го сторите тоа преку следниот линк,

http://www.itu.int/go/regitud најдоцна до 20 јуни 2019 година.

Работилницата ќе се одржува на англиски јазик.

*Напомена: Местата за овој настан се ограничени. Селекцијата на учесници ќе биде извршена од страна на организаторот.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form