Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 24 јуни 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, се обратија на министерската конференција што се одржува во Маракеш, Мароко, во рамки на меѓународниот форум за јавна администрација на тема: "Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој", во организација на Обединетите Нации.

Скопје, 23 јуни 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамки на посета на Маракеш, Мароко, се обрати на работилницата на тема: „Постигнувања и предизвици во реформата на јавната администрација во земјите од Западен Балкан“.

Скопје, 22 јуни 2018 год.

Заменик-министерот за информатичко општество и админситрација Александар Бајдевски, се обрати на состанокот на директори на институти и академии за јавна администрација, што се одржува во Софија, Р. Бугарија.

Скопје, 21 јуни 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, е во тридневна посета на Маракеш, Мароко, каде се одржува меѓународниот форум за јавна администрација на тема: "Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој", во организација на Обединетите Нации.

Министерот Манчевски имаше обраќање во сесијата посветена на интегрираниот пристап за имплементирање на стратешките цели за одржлив развој на Обединетите Нации.

Скопје, 19 јуни 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска беше дел од форумот за јавни политики на тема: „Справување со дезинформациите - комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија“, во организација на USAID, Владата на Република Македонија, Општина Велес и граѓански организации.

Скопје, 18 јуни 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска беше дел од презентацијата на нацрт Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци.

Министерот Манчевски, се осврна на важноста од отворените податоци за гарантирање на транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите и за обезбедување на квалитетни услуги за граѓаните.

Скопје, 13 јуни 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација ја објавува нацрт Стратегијата и Акцискиот план за отворени податоци 2018-2020 

Скопје, 13 јуни 2018 год.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ја презентираа работна верзија на Националната стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија. 

Мостар, БиХ,12-13 јуни 2018 год.

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски учествува на  дводневната Министерска конференција за добро владеење во Западен Балкан, организирана од страна РЕСПА.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form