МАКЕДОНСКИ ФОНТОВИ

П О Ч И Т У В А Н И,


 

Македонските граѓани досега во секојдневното работење, при користењето на постоечките македонски кирилични фонтови беа приморани да користат букви од бугарската и руската азбука. Со цел сочувување на основните карактеристики на македонската азбука и  македонското кирилично писмо како еден од основните вредности на македонскиот идентитет, Министерството за информатичко општество изработи  81 оригинален македонски фонт за потребите на граѓаните и Владата на Република Македонија.

 

 

Главни придобивки од новите фонтови се:

 

Кондензација на букви -Фонтовите подржуваат кондензација на буквите, со користење на стеснетата (Condensed) верзија на фонтот,  така што текстот може да се прилагодува според големината на просторот без деформирање на оригиналниот фонт.


Подржан е краснописот - Фонтот AlexaScript е адаптација базирана на обликот на буквите на т.н. ракописно писмо или „краснопис“ како што порано се нарекуваше овој вид на пишување.

 

Оригинални орнаменти - Serif фамилиите од оваа категорија фонтови содржат множество на оригинални орнаменти.

 

Заштеда во боја -Има разлики меѓу бројот на точки кои ги имаат новите македонски фонтови и фонтовите кои претходно се користеа. Буквите од новите македонски фонтови имаат помалку точки, на пример малата бука о од фонтот Arial (системски) има 29 точки, додека малата буква о од фонтот StobiSans има 8 точки. Биквите што имаат повеќе точки при процесирањето се задебелуваат додека буквите од новите фонтови си ја задржуваат правилната форма. На тој начин се заштедуваат ресурси т.е боја при печатање на текстовите напишани со новите фонтови.


Заштеда во време - Побрзо процесирање на текстот, што се јавува како резултат на намалениот број на точки кај буквите во новите македонски фонтови, бидејќи кога се читаат битмапите не е исто дали тие се 29 или 8 на број.


Поголема читливост -Кога се печати текст со намалена големина на фонт (големина 4 или 5), бидејќи бувите од фонтовите како Arial имаат повеќе точки а со тоа при процесирањето истите се здебелуваат нивната читливот е намалена и изгледаат како да се замачкани, додека истиот текст со иста големина напишан со новите фонтови е многу почитлив.


Отстранети неправилностите од користењето на букви од бугарска и руска азбука - Претходно со  користењето на постоечките македонски кирилични фонтови граѓаните беа приморани да користат букви од бугарската и руската азбука при што се појавуваа проблеми во текстот кога се користеа кривите (италик) букви: г, д, к, п, т. Тие отстапуваа од стандардната форма на нашето кирилично писмо и тоа ја уништуваше читливоста и графичкиот изглед на текстовите. На пример малата ракописна буква т напишана во Times new roman italic повеќе личи на малата ракописна латинична буква м. Малата буква г ја нема цртичката над неа додека малата буква д јазичето е горе наместо долу како што треба по македонскиот правопис. 

 

Компатибилност на сите оперативни системи -Фонтовите се изработени во OpenType технологијата и со тоа се компатибилни со сите оперативни системи, овозможувајќи апсолутна компатибилност на сите електронски документи кои изгледаат исто, независно на кој оперативен систем се изработени


Сублимација во единствена фонт дадотека - Дозволуваат различни стилови да бидат сублимирани во единствена фонт датотека — повеќе нема потреба од изработка и користење посебни фонтови за специфичните типографски стилови како што се small caps, swashes, alternates, numerics, tabular figures и сл.

 

Додатни симболи - Содржат  симболи екслузивно дизајнирани за потребите на Владата на Република Македонија и нејзините институции – грбот, знамето, архивски и други општи симболи.


Карактери со надграден знак - StobiSans и StobiSerif фонтовите ги содржат и карактерите со надграден знак: Ѝ, ѝ, Ѐ и ѐ.

 

Универзалност - Без проблем ќе можат да ги читаат и сите граѓани кои ги немаат инсталирано, без разлика на кој фонт работат.

 

● Македонски тастатури - Во пакет со фонтовите специјално се дизајнирани македонски тастатури за Windows и MacOSX.




 

 

ПРЕД ДА ГИ ПРЕЗЕМЕТЕ ФОНТОВИТЕ, ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ НЕКОЛКУ РЕЧЕНИЦИ:

 

Фонтовите што ги преземате се следниве:


Ф О Н Т
БРОЈ НА ФОНТОВИ
SkolaSans
5
SkolaSans Condensed
5
SkolaSans Italic
5
SkolaSans Condensed Italic
5
SkolaSerif
5
SkolaSerif Condensed
5
SkolaSerif Italic
5
SkolaSerif Condensed Italic
5
AlexaScript
1


Фонтовите се во OpenType формат и се инсталираат стандардно како и сите други фонтови. Сите фонтови работат со македонска поддршка.
Serif Italic верзиите содржат додатни карактери- орнаменти кои се достапни преку "Insert symbol" или "Glyphs" палетата зависно од апликацијата во која ги користите.


Можете да преземете две можни варијанти на SkolaSans и SkolaSerif фонтовите

  1. варијанта SINGLE каде што секој фонт е именуван поединечно и во апликацијата е прикажан како посебен фонт
  2. варијанта FAMILY каде што сите фонтови се групирани во фонт фамилии

 

 

НАПОМЕНА:

Групирањето во фонт фамилии составени од повеќе од 4 фонтови засега не е поддржано од MicrosoftOffice пакетот.
Групирањето во фонт фамилии е потполно поддржано од основните Adobe апликации кои работат со текст: AdobeInDesign и AdobeIllustrator


Системски платформи кои ги поддржуваат овие фонтови се : Windows, Mac OSX, Edubuntu и Linux.

 

 

 

Фонтовите можете да ги преземете тука:

 

 

AlexaScript
Skola Family Преземи ги фонтовите
Skola Single

 

 

Мала напомена: Кога се користи Mozilla Firefox можно е да настане потреба од повторно внесување на Вашата адреса на електронска пошта за да почне симнувањето на фонтовите.