Информација за спроведена обука “Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2011 година, на 13 и 14 Април 2011 г. (среда и четврток) во просториите на Клубот на пратениците во Скопје ја спроведе првата обука на тема Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија”.

 

На обуката беа претставени и разработени  теми поврзани со суштинските карактеристики на системот на јавна администрација, прашањата за статусот, правата и должностите на државниот службеник според Законот за државни службеници, теми од областа на ЕУ, канцелариско и архивско работење во државната служба и слободниот пристап до информации од јавен карактер. Истата ја реализираа државни службеници- практичари од релевантни институции.

 

Целна група на обуката беа државните службеници со звање: Помлад соработник и Помлад референт вработени во текот на 2010 година.

На обуката присуствуваа вкупно 23 државни службеници од институциите на централната власт.

 

Во рамките на обуката, за 2011 година, се предвидени уште три посебни работилници за државните службеници од институциите на централната власт што не беа поканети во овој термин на обуката. За нивното спроведување претстои дополнително известување.