ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР


МАРТА АРСОВСКА ТОМОВСКА
ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

 

Во ноември 2015 година Марта А. Томовска беше избрана за министер за информатичко општество и администрација, по нејзината функција заменик министер во истото Министерство од август 2011 година.

 

Пред нејзиното назначување во Владата, таа работеше 10 години како генерален директор во неколку локални ИКТ компании.

 

Како министер одговорен за информатичко општество и јавна администрација, таа е лидер на дигиталната трансформација во Македонската влада, како и на реформата во јавната администрација (РЈА). Таа и нејзиниот тим се залагаат за промени и за градење на првокласна јавна служба за успешна и интелигентна нација. Како дел од нејзините напори за креирање на силно информатичко општество, таа ја промовира ИКТ како професија на иднината и е предводник на иницијативата „Девојките и жените во ИКТ“.

 

Како чест говорник и учесник во панел дискусии на домашни и меѓународни конференции за ИКТ и РЈА, таа секогаш е енергична во врска со тоа како Интернетот и информатичките технологии можат да им помогнат на луѓето, во бизнисите и во општествениот развој и напредок. Г-ѓа Томовска беше наградувана за нејзините постигања и исклучителниот придонес во развојот и промоцијата на ИКТ во Република Македонија и во светот.

 

Г-ѓа Арсовска Томовска ја започна својата кариера по дипломирањето во 1996 година на Електротехничкиот факултет на Универзитетот во Скопје. Таа заврши и постдипломски студии во маркетинг и ја подготвува нејзината магистерска теза на Економскиот факултет на Универзитетот во Скопје. Течно го говори англискиот јазик и јазиците од словенската група на јазици, а делумно ги знае францускиот и рускиот јазик. Потврдена е во областа на ИКТ, како и во водењето и управувањето со поширок професионален интерес во областите на општо управување, управување со човечки ресурси, ИКТ, Интернет технологии, е-влада, е-бизнис, е-трговија, безбедност на податоци, учење од далечина и дигитални медиуми.

 

Г-ѓа Арсовска Томовска е член на жирито на Светската врвна награда од јануари 2013 година. Наградата е во партнерство со клучни организации и агенции на Обединетите нации, кои преземаат иницијативи за промовирање на информатичкото општество. Во септември 2015 година таа беше назначена за неизвршен член на Одборот на СВН (Светската врвна награда).

 

Марта Арсовска Томовска го раководеше Министерството за информатичко општество и администрација до 31 мај 2017 година.