ЗА МИНИСТЕРСТВОТО

Министерството за информатичко општество и администрација ги врши работите што се однесуваат на:

-развојот и промоцијата на информатичкото општество;
-креирањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа;
-интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања;
-следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и воведување на меѓународни стандарди;
-телекомуникациите и телекомуникациската инфраструктура;
-радиодифузијата и радиодифузната инфраструктура;
-законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
-надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
-развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
-класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
-водењето Регистар за државните и јавните службеници;
-подготвувањето стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
-развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
-реформата во јавната администрација;
-остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност и
-врши и други работи утврдени со закон.



Правилник за внатрешна организација на Министерството за информатичко општество и администрација

 

Правилник за систематизација на работните места во Министерството за информатичко општество и администрација

 

Буџет на Министерството за информатичко општество и администрација за 2016 година

 

 

Министерството за информатичко општество и администрација е основната надлежна институција за координација на активностите за изградба на информатичко општество и координација на мерките кои произлегуваат од двете стратегии:



Национална стратегија за развој на информатичко општество и акционен план

Главен предизвик во градењето на Стратегијата е дефинирање на економската,социјалната и на политичката визија на општеството базирано на знаења, преку развој и примена на ИКТ во сите сфери на животот, создавајќи современи и ефикасни сервиси за граѓаните и за бизнис-заедницата.

 

Национална стратегија за развој на електронски комуникации со информатички технологии

Главен предизвик на стратегијата е овозможување на агресивно воведување и масовно ефикасно користење на електронските комуникации и информатичките технологии, со што се придонесува за вклучување на РепубликаМакедонија во глобалната вмрежена економија и остварување значаен скок во економијата (leap frogging)..