Оглас за избор на обучувачиРок за пријавување: 10 декември 2011
Со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за обука за користење на програми за кацелариско работење и користење на интернет, посебно на тие од социјално загрозените групи, а воедно и за да се обезбеди поголема искористеност на можностите што ги нудат бесплатните интернет клубови во државата, Министерството за информатичко општество и администрација организира бесплатна обука за работа со компјутери.
Обуката е поделена на два тематски модули кои ќе може да се посетуваат независно еден од друг, и тоа:
План за реализација на обуката: Модулите ќе се спроведуваат во 4 одделни сесии, во текот на 4 седмици (Модул 1- секој вторник и Модул 2- секој четврток), при што секоја сесија ќе трае 1 час и 30 минути или 2 школски часа (1 школски час од 45 минути).
Во градовите во кои најмалку 20% од граѓаните се од албанска националност, обуката освен на македонски, ќе се спроведува и на албански јазик.
Критериуми за избор на обучувач: За реализација на обуката, Министерството ќе ангажира обучувачи со стекнато образование:
Начин на пријавување: Министерството ги повикува сите заинтересирани кандидати да поднесат пријава за обучувач, со доставување на следните податоци:
Заинтересираните кандидати својата пријава да ја достават на следната адреса: Министерство за информатичко општество и администрација, бул. „Мито Хаџи-Василев Јасмин“ бб, 1000 Скопје, со назнака: “Обучувач за бесплатна обука во интернет клубови”, или на e-mail: bisera.vojcheska@mioa.gov.mk, најдоцна до 10.12.2011 година.
По разгледување на доставените пријави, Министерството ќе ги извести кандидатите за селектираните обучувачи и истите ќе бидат повикани во Министерството со цел склучување на договор за нивниот ангажман како обучувач.
|




























