Користење на информатичко - комуникациски технологии во домаќинствата, прв квартал на 2010 година

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од 2010 година, е зголемено учеството на домаќинствата со интернет пристап за 4,3 процентни поени во споредба со истиот период од 2009 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 33,8% во 2009 година на 37,2% во 2010 година, додека нивното учество во бројот на домаќинствата со интернет пристап е на исто ниво во двата споредбени периода (околу 81%).

 

Најзастапено широкопојасно поврзување на интернет, во овој период, е преку АДСЛ технологиите и тоа кај 50,4% од домаќинствата со интернет пристап.

 

Во првиот квартал од 2010 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години компјутер користеле 56,4%, додека интернет користеле 51,9% што е за 1,9 процентни поени повеќе во однос на истиот период од 2009 година. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 93,8%.

 

Од лицата кои користеле интернет во последните 12 месеци 75,1% употребиле некаков вид на ИТ безбедносен софтвер или алатка (антивирус, антиспам, фајрвол итн.) за заштита на својот приватен компјутер и податоци, а 86,0% имале одредени безбедносни проблеми поврзани со употребата на интернет за приватна намена во последните 12 месеци.

 

 

 

 

 

Податоците се преземени од Државниот завод за статистика – соопштение 8.1.10.21.