РЕЗУЛТАТИ од спроведеното тестирање за вклучување во Обука за напредни вештини од областа на ИТСкопје, 27 јануари 2012
Во врска со мерката 5.5,, Обука за напредни вештини од областа на информациските технологии кои се дефицитарни на пазарот на трудот’’, од ОП за 2011 година, за која што на ден 09.01.2012 година беа објавени списоци со термини за полагање, Ве известуваме дека тестирањето заврши според предвидениот план и во следните табели се дадени конечните ранг листи на кандидатите со освоените бодови.
Сите незадоволни кандидати кои сметаат дека бодовите кои ги освоиле на тестирањето не соодветствуваат со реалната бодовна ситуација, имаат право да поднесат приговор до АВРМ најдоцна до 16:30 часот заклучно со 31.01.2012 година.
Тестот се смета за положен со освоени над 500 бода, а во обуките ќе учествуваат првите 20 кандидати од конечната ранг листа. Кај оние кандидати кои што освоиле ист број на бодови, предност ќе има кандидатот кој порано поднел апликација за учество на обуката и кој е со подолго време на чекање во евиденцијата на невработените лица.
Напомена: Ваучерите ќе ги добијат оние кандидати кои во моментов имаат статус на невработено лице. |



























