Обука за функционери на државните органи во Република МакедонијаСкопје, 14 март 2012 Министерството за информатичко општество и администрација, во рамките на проектот „Поддршка на реформите во јавната администрација” – финансиран од Британска амбасада, ја спроведе втората обука од циклусот обуки наменети исклучиво за функционери во државната служба на Република Македонија.
Обуката ја отвори заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, истакнувајќи дека обуката наменета за највисокото раководство е стратешки исчекор кон полесно совладување на предизвиците и справување со промените со кои се соочува јавниот сектор во обидите да создаде ефикасна и ефективна служба со високи стандарди во управувањето.
Темите кои се обработија беа поврзани со концептите на лидерство и управување со организации, управување со организациски промени и комуникација и влијание во неопходни за градење на професионална служба.
На оваа обука учество земаа 30 функционери од државната управа на Република Макеоднија, а обуката ја спроведоа обучувачи на една од најпрестижните школи, Националната владина школа (National School of Government) од Кралството на Велика Британија и Северна Ирска.
|




























