ИзвестувањеЗа поднесување барања за посетување на прва почетна обука за проценувачи од областа Информатичка технологија Скопје, 10 април 2012
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач да поднесат барање за првото полагање на стручниот испит за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.
Согласно член 10 од Законот за процена, посетувањето на почетната обука од соодветната област на процена е еден од задолжителните законски услови за полагање на испитот за овластен проценувач.
Кандидатите кои имаат интерес за посетување на првата почетна обука за овластен проценувач од наведената област на процена треба да поднесат Барање до архивата на Министерството за информатичко општество и администрација или по пошта на адреса: Министерство за информатичко општество и администрација ул. Мито Хаџивасилев Јасмин бб, Скопје.
Огласот може да го преземете од тука. |



























