Премиерот Груевски во посета на Министерството за информатичко општество и администрација

Скопје, 30 март 2012

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (петок, 30 март 2012 година) оствари средба со раководниот тим во Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Средбата се одржа во просториите на оваа институција и на неа се разговараше за тековните проекти и активности во областа на информатичките технологии, електронските комуникации, како и реформата на јавната администрација.

 

Во рамки на посетата премиерот Груевски директно се запозна со работата на службениците на различни нивоа во Министерството за информатичко општество и администрација, при што оствари разговори и со раководители на сектори и раководители на одделенија.

 

Со оваа посета премиерот Груевски ја продолжува практиката на посети на министерствата и државните институции со цел директно да се запознае со нивното работење.