Работилница за микроучење

Скопје, 17 април 2012

 

Утре 18.04.2012 со почеток во 09:00 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ќе ја отвори Работилницата за Микроучење во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ.

 

Оваа работилница е првата од серијата работилници за вработени од Министерството за информатичко општество и администрација кои ќе се организираат од страна на експертите на RSA со цел воведување нов дополнителен пристап кон обуките, наречен Микроучење.  

 

Првата работилница ќе се одржи од 18 до 19 април 2012.
Отворањето на работилницата е закажано во 9:00 часот во просториите на Сити Хол Центарот (Кеј Димитар Влахов бб).

 

 Покануваме ваши екипи да го проследат настанот