Оглас за селекција на 12 идни обучувачи во областа на законодавството и изработка на прописите
Министерството за информатичко општество и администрација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на 2012 година го спроведуваат проектот насловен како „Изготвување на прописи и ex-post евалуација на законодавството.“ Преку првата компонента од проектот ќе се спроведе нов циклус на обуки наменет за државните службеници, чија главна цел е јакнење на капацитетите на администрацијата во областа на создавањето, спроведувањето и евалуацијата на законодавството.
Обуката ќе биде спроведена врз основа на сеопфатна наставна програма која ги опфаќа следниве области од регулаторниот менаџмент: креирање на политиките, проценка на влијанието на регулативата, изготвување на прописите и номотехничките правила, следење и оценување на спроведувањето на прописите, усогласување на националното законодавство со правото на Европската унија и друго. Оваа наставна програма е развиена за почетно и напредно ниво, а истовремено ќе биде проследена со курс за учење на далечина (e-learning).
Една од главните активности што ќе се спроведат во рамки на проектот е селекција на група од 12 лица за кои ќе биде организирана посебна обука за обучувачи. Оваа обука ќе изнесува четири дена (27-30 јуни 2012) и истата ќе ја спроведат меѓународен и национален консултант. Од учесниците во обуката за обучувачи ќе бидат селектирани и ангажирани идните обучувачи, кои ќе ја спроведат наставната програма преку циклус на тематски (каскадни) обуки наменети за останатите припадници на администрацијата. Секоја од каскадните обуки ќе изнесува по 3 дена, така што преку целиот циклус ќе се обезбедат вкупно 12 дена обука. Идните обучувачи ќе ги спроведат каскадните обуки во различни временски интервали во периодот од септември – декември 2012 година.
Со цел реализација на обуката, Министерството за информатичко општество и администрација и Мисијата на ОБСЕ го објавуваат следниов ОГЛАС
На огласот може да се пријават лица со следниве квалификации:
Начин на пријавување Заинтересираните лица треба да поднесат куса биографија (не подолга од 2 страници) и писмо за мотивација (motivation letter) на македонски или на англиски јазик на следниве е-маил адреси:
Рок за пријавување
Потребните документи треба да се поднесат најдоцна до 14 мај 2012 година.
Идните обучувачи:
|



























