ИЗВЕСТУВАЊЕ

За поднесување барања за посетување на прва почетна обука за проценувачи од областа на Информатичка технологија

 

Скопје, 05 април 2013

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на прва почетна обука за овластен проценувач да поднесат барање за посетување прва почетна обука за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.

 

Согласно член 10 од Законот за процена, посетувањето на почетната обука од соодветната област на процена е еден од задолжителните законски услови за полагање на испитот за овластен проценувач.

 

Кандидатите кои имаат интерес за посетување на првата почетна обука за овластен проценувач од наведената област на процена треба да поднесат Барање до архивата на Комора на проценувачи на Република Македонија, или по пошта на адреса: Комора на проценувачи на Република Македонија ул. Јуриј Гагарин бр. 15, Скопје.

 

1. Барањето (исклучиво во печатена форма) треба да содржи:

  • Име и презиме на барателот и точна адреса на живеење.
  • Телефон за контакт (домашен, мобилен) и електронска адреса (Е-маил адреса).
  • Уплатница (образец ПП30) за уплатени средства за трошоци на обуката во износ од 5.000,00 денари:
Цел на дознака:

Обука за процена од областа на Информатичка технологија

Назив и седиште на примачот:

Комора на проценувачи на Република Македонија

Банка на примачот: Комерцијална банка
Трансакциска сметка на примачот: 300000003545580
Износ: 5.000,00 денари

 

2. Кон барањето во прилог се доставува:

 

  • копие од лична карта;
  • доказ за завршено високо образование;
  • доказ за најмалку пет години работно искуство во областа на процена или во областа на Информатичка технологија.

3. Почетната обука ќе се одржи на:

  • 15, 16 и 17  април 2013 година со почеток во 16 часот во просториите на Економски институт Скопје

 

Краен рок за поднесување на барањето до Комората на проценувачи на Република Македонија е 12.04.2013 година.

 

4.Известувањето ќе биде објавено и на веб локацијата на Министерството за информатичко општество и администрација www.mioа.gov.mk и на веб локацијата  на Комората www.komoranaprocenuvaci.mk

 

Комора на проценувачи на Република Македонија

 

Преземи:(.pdf формат)