Листа на компании за јазични компетенцииВрз основа на Јавниот повик за пријавување во Регистар на училишта и центри за странски јазици, регистрирани во Република Македонија, кои организираат и спроведуваат обуки за изучување странски јазици, како и училишта и центри кои спроведуваат обуки и полагања за стекнување меѓународно признати сертификати или меѓународно употребувани уверенија за странски јазик, jа проследуваме листата на следните компании:
Компаниите уредно доставија пријави на јавниот повик објавен во дневните весници Дневник и Коха, како и на интернет страницата на Министерството за информатичко општество и администрација, кој траеше од 20.11 до 25.12.2014 година.
Кандидатите за вработување не се обврзани да ги користат услугите на компаниите од посочената листа, која Министерството за информатичко општество и администрација ја подготви за информативни цели.
Министерството за информатичко општество и администрација целосно се оградува од квалитетот на спроведување на обуките. Наведените компании не се препорачани од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.
Воедно, Министерството за информатичко општество и администрација посочува дека оваа листа не е конечна и дека по барање на заинтересираните страни, истата во иднина може да се дополни и ревидира.
02.02.2015
|