Заменик министерот Муцунски се сретна со делегација од НР Кина

Скопје, 15 мај 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска се сретна со делегација на Народна Република Кина, предводена од заменик министерот на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност на НР Кина, Фу Џингуо и директорот за јавна администрација на НР Кина, Пенг Жонгбао.

 

На средбата се разговараше за можностите за остварување соработка меѓу двете земји, како и размена на досегашните искуства на тема јавна администрација, при што беше договорено во наредниот период да се воспостават конкретни чекори во делот на обуки на државните службеници.

 

Високите соговорници исто така ги презентираа системите за управување со јавната администрација во двете земји, а се разговараше и за процесот за вработување на кадри во јавната администрација, процесот на управување, како и за процесот на градење на капацитетите на државните службеници.

 

 

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација