Министерот Дамјан Манчевски оствари средба со Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија и Косово

Скопје, 5 јули 2017 година

 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска одржа средба со Марко Мантованели, директор за Македонија и Косово при Светска Банка.

 

Главен фокус на средбата беа приоритетите на МИОА и областите каде Светска Банка може да понуди поддршка. Претставен беше дел од анализата која Светска Банка ја подготви пред конституирањето на новата влада. Анализата ги потенцира областите каде има простор за соработка.

 

Се разговараше и за Нацрт – Стратегијата за реформа на јавната администрација 2017, а министерот Манчевски ја презентираше и идејата за спроведување на регистер на граѓани како области каде придонес може да даде Светска Банка.

 

Соработката со Светска Банка ќе продолжи и во иднина и тоа во делот на зголемување на транспарентноста и ефикасноста на јавната администрација, како и во подобрување на информатичките системи.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација