Спроведена обука за Проценка на влијанието на регулативата

Скопје, 10 јули 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Централниот регистар на РМ, во рамки на активностите на Проектот за унапредување на процесот на Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), организираа обуки за Проценка на влијанието на регулативата со поддршка од Норвешки експерти од Централниот регистар на Норвешка.

 

Обуките се спроведоа во два термина во периодот од 03 до 06 Јули 2017 година во Скопје и на истите присуствуваа 54 државни службеници.

 

Учесниците на обуките имаа можност да се стекнат со информации и знаење во однос на спроведувањето на процесот на ПВР во Република Македонија и вештини за користење на нова excel алатка за cost-benefit анализа. Исто така, беше презентирана постапката на генерирање на Извештаи со податоци од регистрите на Централниот регистар на РМ, кои ќе им бидат достапни на државните службеници и ќе може да се користат за спроведување на анализите во процесот на ПВР.

 

Успешната соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Централниот регистар на РМ се очекува да продолжи и во наредниот период. Во последниот квартал од 2017 година се планираат дополнителни обуки за користење на податоци од регистрите на Централниот регистар на РМ во процесот на ПВР.

 

 

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација