Средба на заменик министерот Александар Бајдевски и претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски

Скопје, 17 јули 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски денеска оствари средба со претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

 

На средбата се разговараше за иницијативата на СУТКОЗ за измена на Законот за вработените во јавниот сектор и за Законот за административни службеници. Посебен акцент беше ставен на потребата од враќање на комуналните работници под капата на Законот за работни односи.

 

Министерството за информатичко општество изрази подготвеност за понатамошна соработка и отвореност за сите сугестии и предлози, во насока на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение, со крајна цел - задоволство на вработените во јавниот сектор, вклучително и на вработените во јавните комунални претпријатија и испорака на квалитетни услуги кон граѓаните од страна на дејностите што остваруваат јавен интерес.

 

Министерство за информатичко општество и администрација