Владина делегација на средба со претседателот на НДИ

Скопје, 6 октомври 2017 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со Заменичката претседателка на владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, одржаа средба со делeгацијата на Националниот демократски институт од САД, предводена од претседателот на НДИ, Кен Волак.

 

Претседателот на НДИ, изрази честитки за изборот на новата влада и уверување дека соработката меѓу НДИ и нивните партнери во владата, во собранието и во граѓанскиот сектор, ќе продолжи и понатаму.

 

НДИ е долги години во Република Македонија, но нашиот впечаток е дека сега се чувствува новиот политички кислород во земјата, истакна на средбата, Кен Волак.

 

Претседателот на Владата Зоран Заев, рече дека тоа се резултати и на инсистирањето на новата влада на поголема инклузивност во политичките процеси, во кои покрај учеството на граѓанските организации, особено значајно е функционалното работење на Собранието на РМ и на вклучувањето на опозицијата во потрага по одговори на прашањата од интерес за граѓаните на Република Македонија.

 

Волак, истакна дека оваа организација е целосно подготвена да учествува и во организирањето и подготовките на посети и средби на премиерот и на другите владини министри со одделни претставници од Конгресот на САД, и со други влијателни луѓе во американската администрација.

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација