Најава

Скопје, 11 јануари 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за драфт верзиите од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2018-2022 и Акцискиот план за Стратегијата.

Јавната расправа ќе се одржи на 15-ти јануари (понеделник), со почеток од 13.00 часот, во хотел Александар Палас.

МИОА ги повикува сите членови на работните групи вклучени во подготовка на Стратегијата и Акцискиот план, како и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на јавната расправа и со тоа да дадат свој придонес. На двата драфт документи се работеше подолго време и во процесот беа вклучени сите засегнати страни. Стратегијата и Акцискиот план се резултат на инпутите од четирите работни групи во кои учествуваа претставници од институциите но и од граѓанските организации формирани во јуни 2017та, ангажманот на домашни и странски експерти и експертизата од СИГМА.

 

Документи:

 

Нацрт Стратегија за реформа на јавната администрација 2018 - 2022 година.

Draft - Public administration reform strategy 2018 – 2022.

 

Нацрт Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 - 2022 година.

Draft - Action plan for public administration reform strategy 2018 – 2022.

 

Министерство за информатичко општество и администрација