Европската Комисија со конкретни мерки за драстично намалување на цените на роамингот за земјите од регионот

Софија, 2 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска е во работна посета на Софија, Бугарија.

 

Во рамки на посетата, министерот Манчевски оствари средба со еврокомесарката Мариа Габриел.

 

На состанокот се разговараше за Дигиталниот Самит за земјите од Западен Балка, што како дел од Берлинскиот процес, се организира за прв пат. Македонија е првата земја домаќин на Самитот што ќе се одржи на 18ти и 19ти април во Скопје. Еврокомесарката Габриел, ја прифати поканата да го отвори самитот, како потврда дека дигиталната агенда е во фокусот на претседателството на Бугарија со Европската Унија.

 

„Поддршката на Европската комисија за Македонија во реализација на проектите во дигиталната сфера, како што се младинската гаранција, технолошкиот парк и националниот портал за е-услуги се од особено значење нас“, истакна министерот Манчевски.

 

Тој се осврна на пораката што Дигиталниот Самит треба да ја испрати а тоа е важноста од единството на регионот во интеграцијата во Европската Унија.

 

Еврокомесарката Габриел ги презентираше заложбите и конкретните мерки за драстично намалување на цените на роамингот во регионот.

 

Ова ќе биде една од пораките и на Дигиталниот Самит, затоа што е од важност за сите граѓани од регионот.

 

На овој начин, со реализација на мерки и активности во дигиталната сфера, граѓаните во регионот многу побрзо ќе бидат дел од Европското семејство, заклучија министерот Манчевски и еврокомесарката Габриел.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација