Компјутер за секое дете
Владиниот проект „Компјутер за секое дете” е дел од владината иницијатива за “образование и обука за сите”. Проектот се темели на Националната програма за развој на образованието (2005-2015 година). Со овој проект се планира обезбедување на 17818 персонални компјутери, 98710 ЛЦД монитори, 98710 тастатури, глувчиња и 80892 тин клиенти за основните и средните училишта во Република Македонија. Овие компјутери ќе се користат како алатки за изведување на наставата и како алатки за пристап до образовните дигитални содржини што се наоѓаат на глобалната мрежа Интернет. |



























