ПОВИК за доставување коментари во однос на Нацрт Стратегијата за РЈА и Акцискиот план

Скопје, 15 јуни 2017 година

 

Согласно првата консултативна работна средба за Демократски реформи на јавната администрација, а во однос на завршување на нацрт Стратегијата за реформа на јавната администрација (2017-2022) и нацрт Акцискиот план, ги повикуваме граѓанските организации и сите засегнати страни да достават коментари и предлози во однос на нацрт документите, како и да ги погледнат коментарите на овие два документи доставени од СИГМА.

МИОА и Huawei со награди за петте најдобрите студенти од ИКТ факултетите

Скопје, 19 јуни 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација преку соработка со компанијата Huawei обезбеди можност да се наградат петте најдобрите студенти од ИКТ факултетите при државните универзитети во Република Македонија. Станува збор за студиската програма „Seeds for the Future“ која компанијата Huawei ја спроведува од 2008 година, преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ индустријата. Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата Huawei.

Работна средба за реформи на јавната администрација

Скопје, 13 јуни 2017 година

Во Клубот на пратеници денес се одржа консултативна работна средба помеѓу претставници од Министерството за информатичко општество и администрација и граѓански организации и експерти, претставници од меѓународната заедница, синдикати и медиуми за демократски реформи во јавната администрација. На средбата, покрај министерот Дамјан Манчевски, воведно обраќање имаше и генералниот секретар на Владата на РМ, Драги Рашковски.

Средба на министерот Дамјан Манчевски со претставници на Синдикатот на УПОЗ

Охрид, 08 јуни 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денес оствари работна средба со претставници на Синдикатот на УПОЗ, која се одржа во Охрид.

Министерот Дамјан Манчевски се сретна со холандскиот амбасадор Вилем Воутер Пломп

Скопје, 7 јуни 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денес се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Воутер Пломп.

 

Итен состанок за состојбите со „WannaCry“ рансомвер компјутерскиот напад и препораки за граѓаните, компаниите и државните инстит

Скопје, 15 мај 2017 година

Денеска во Агенцијата за електронски комуникации се одржа итен состанок на министерката Марта Арсовска – Томовска, директорот на АЕК Сашо Димитријоски и службени лица од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ. На состанокот беше анализирана моменталната состојба во Република Македонија во врска со актуелниот рансомвер компјутерски напад, при што беше констатирано дека во МКД-ЦИРТ до сега нема пријавен случај на инфициран компјутер или сервер. Сепак, сеуште постои висок ризик од зараза кај компјутерите со постари оперативни системи (XP, Vista и Windows 8), а особено кај нелегални инсталации кои и самите во најголем број случаи содржат малициозен софтвер кој може подоцна да се искористи за сајбер напади. Инфекцијата со овој рансомвер се манифестира преку шифрирање на документите на компјутерот од корисникот. Во овој момент не постои можност за бесплатно дешифрирање на заразените компјутери, а со плаќањето на откуп не се гарантира дешифрирањето на документите.

Заменик министерот Муцунски се сретна со делегација од НР Кина

Скопје, 15 мај 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска се сретна со делегација на Народна Република Кина, предводена од заменик министерот на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност на НР Кина, Фу Џингуо и директорот за јавна администрација на НР Кина, Пенг Жонгбао.

Арсовска Томовска на меѓународен Форум во Париз

Париз, 24 март 2017 година

Во рамките на „Неделата на образованието“ во Париз, Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска учествуваше на меѓународниот Форум на високо ниво, насловен како: „Дигитални вештини и мобилно учење за инклузивен и одржлив развој“, во организација на УНЕСКО и на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), а во соработка со УНХЦР.

НАЈАВА: Презентирање на Годишниот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2016

Скопје , 15 март 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 16. март 2017 година (четврток), ќе го презентира годишниот извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2016 година.

Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници, со почеток во 11 часот.

ЈАВЕН ПОВИК за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма

Скопје, 15 март 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно член 92-г од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 184/13, 13/14, 44/14,101/14 и 132/14 и 142/2016), распишува :

 

ЈАВЕН ПОВИК бр. 11/2-833/1

за доставување на барање за одобрување на проект за производство на домашна документарна програма и/или домашна играна програма, за кои ќе се изврши исплата на надоместок за покривање на трошоците

Арсовска Томовска на Министерска конференција во рамки на Светскиот конгрес за мобилни технологии во Барселона

Барселона, 1 март 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на Министерската конференција во рамки на Светскиот конгрес за мобилни технологии што се одржува во Барселона, од 27. до 1. март. Овој настан, кој е интегрален дел на Светскиот конгрес за мобилни технологии, претставува уникатен форум на кој учествуваат министри, извршни директори, регулатори и креатори на политики од различни краишта на светот, кои имаат можност за размена на искуства и мислења во однос на предизвиците и можностите во мобилниот сектор.

Муцунски се обрати на конференција за слобода на медиумите во Западен Балкан

Виена, 28 февруари 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски, заедно со Амбасадорот на Република Македонија при ОБСЕ Кире Илиоски, учествуваше на конференцијата на високо ниво, насловена како: „Слободата на медиумите во Западен Балкан“, што се одржа во Виена, во организација на австриското претседателство со ОБСЕ, а во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ за слобода на медиумите.

Арсовска Томовска панелист на „Глобалниот самит на жени лидери 2017“

Скопје, 18 февруари 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на вториот ден од „Глобалниот самит на жени лидери 2017“. Таа говореше на панелот „Лидери на дигиталната економија“, на тема: Иднината, во време на дигитализација и мобилност“.

Арсовска Томовска на „Глобалниот самит на жени лидери 2017“ во Скопје

Скопје, 17 февруари 2017 година

Истакнати жени лидери од пет континенти учествуваат на дводневниот „Глобален самит на жени лидери 2017“, кој во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и во соработка со Асоцијација на бизнис жени во Република Македонија, се одржува во Скопје.

Прес конференција на Заменик министерот Муцунски

Скопје, 17 февруари 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска ја презентираше одлуката на Владата на Република Македонија за максималниот износ на надоместокот за покривање на трошоците за производство на домашна документарна програма и на домашна играна програма за 2017 година, во износ од 31 милиони денари.

Арсовска Томовска на Светскиот самит за Отворено владино партнерство во Париз

Париз, 08 декември, 2016 година

Во рамките на четвртиот по ред ′Светски самит за Отворено владино партнерство 2016′ во Париз, Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на две панел-дискусиии насловени како: „Градење на доверба во Владите„ и ,, Одговорност и отчетност кон граѓаните преку јавните услуги,, како и на Министерската тркалезна маса посветена на имплементацијата на Отворена влада.

Syndicate content