Работен состанок во Велес за новите административни закони

Велес, 11 март 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денеска одржа работен состанок со претставници на институции од јавниот сектор во општина Велес.

Работен состанок со компании од ИКТ Комората при ССК

Скопје, 10 март 2015 година

Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, денеска одржаа состанок со компании од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори, на кој учествуваа и претседателот на комората, Саша Огненовски и извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

Потпишан Меморандум за соработка со Microsoft во областа на образованието

Скопје, 9 март 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација и Канцеларијата на Microsoft во Скопје, денеска го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на образованието, кој овозможува употреба на новите информатички технологии во образовните процеси во земјата.

РеСПА објави огласи за вработување во организацијата

Скопје, 4 март 2015 година

Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, објави огласи за позициите програмски менаџер (2 лица) и Национален експерт (2 лица).

Огласите се објавени на веб страната на РеСПА http://www.respaweb.eu/24/pages/10/employment.

Ивановски на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона

Барселона, 4 март 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 2 до 5 март 2015 година, учествува на Светскиот конгрес за мобилна технологија, кој се одржува во Барселона.

Ивановски на состанок на Комисијата за широкопојасен интернет во Париз

Париз, 27 февруари 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска учествуваше на 11-от состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, кој се одржа во Париз.

Административни работници ќе им помагаат на лицата со инвалидитет

Скопје, 20 февруари 2015 година

Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Диме Спасов и Иво Ивановски, денеска се обратија на доделувањето на сертификатите на обучени лица во рамки на проектот „Достапна администрација за лица со инвалидност“.

Арсовска Томовска на Demo Day настанот за презентација на македонски стартапи

Скопје, 20 февруари 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денеска зеде учество на Demo Day настанот, кој го организира македонско – американската компанија „New man’s business accelerator“, на кој македонските стартапи ги презентираат своите идеи и производи пред меѓународни инвеститори.

Известување за отпочнување со примена на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници

Скопје, 16 февруари 2015 година

Од 13.02.2015 година отпочнуваат со примена Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Прва обврска за институциите на јавниот сектор која произлегува од член 17 на Законот за вработените во јавниот сектор, е изготвување и донесување на актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места на институциите.

Арсовска Томовска на Светскиот инаугуративен форум за развој и здравје на жените во Њујорк

Њујорк, 12 февруари 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, учествуваше на првиот Светски инаугуративен форум за развој и здравје на жените, кој на 11 и 12 февруари се одржа во Њујорк. Таа имаше свое обраќање на воведната сесија, како еден од главните говорници на форумот, меѓу кои беа генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, министерот за здравство на Руската Федерација, Вероника Сквортсова, како и високи претставници од меѓународни организации.

Промовиран новиот веб портал Администрација.мк

Скопје, 09 февруари 2015 година

Администрација.мк е новиот веб портал посветен на работењето на административните служби во Република Македонија, кој денеска беше промовиран во Министерството за информатичко општество и администрација.

Арсовска Томовска на Светскиот самит за мобилни апликации во Абу Даби

Абу Даби, 30 јануари 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска од 31 јануари до 3 февруари 2015 година, учествуваше на Светскиот самит за мобилни апликации, кој се одржа во Абу Даби.

 

Промовиран Системот за микроучење во Центарот за обука при МВР

Скопје, 21 јануари 2015 година

Министрите за информатичко општество и администрација и за внатрешни работи, Иво Ивановски и Гордана Јанкулоска, во Центарот за обуки при МВР во Идризово денес го промовираа Системот за микроучење, како напредна алатка за вработените во јавната државна служба.

Завршен процесот на регистрација на (.мкд) доменот

Скопје, 14 јануари 2015 година

Република Македонија го заокружи целокупниот процес во рамките на регистрацијата на националниот домен (.мкд), со што стана петтата земја во светот која воспоставува домен на кирилица, после Русија, Србија, Казахстан и Монголија. Организацијата IANA Root Management, која е под надлежност на Националната ИТ Агенција на САД, го внесе (.мкд) доменот во системот, како последна фаза од официјалната регистрација во системот.

Ивановски : Македонија во чекор со глобалните трендови во ИКТ областа

Скопје, 31 декември 2014 година

Успешна година во информатичката област во Македонија, особено во делот на користењето на интернетот и неговата распространетост во земјата, како и скок на меѓународната рејтинг листа за информатичка технологија.

Ивановски на роуд шоу во Израел

Израел, 30 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 26 до 30 декември 2014 година, беше во работна посета на Израел. Тој оствари средби и разговори со најголемите ИТ компании во оваа земја, како и со претставници на компании од областа на истражувањето и развојот. Во рамките на владините роуд шоу активности, министерот Ивановски ги претстави можностите што ги нуди Република Македонија за привлекување на странски инвестиции.

Syndicate content