Арсовска Томовска на Министерски форум за ИКТ во Сингапур

Сингапур, 16-17 јуни

Во периодот од 16 до 18 јуни, 2014 година, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска учествуваше на овогодинешниот Министерски форум за информатичко – комуникациски технологии (ИКТ) во Сингапур. Водечката тема на форумот беше „Паметна нација: Искористување на можностите и решавање на предизвиците".

PayPal од денес во Република Македонија

Скопје, 17 јуни

Од денеска, 17 јуни, вторник, 2014 година, Република Македонија и официјално влегува во групата на PayPal. Со задоволство Ве информираме дека граѓаните ќе можат да ги користат услугите на Pay Pal Send.

Министерски форум за ИК технологии во Сингапур

Сингапур, 16 јуни

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 16 и 17 јуни 2014 година, ќе учествува на Министерскиот форум за Информатичко - комуникациски технологии (ИКТ), кој ќе се одржи во Сингапур.

Обука за оценување на администрацијата според принципот 360 степени

Скопје, 12 јуни 2014

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Високата школа за јавна администрација ENA од Франција, на 12 и 13 јуни, спроведуваат обука на тема „Управување со перформанси и оценување на администрацијата според принципот 360 степени„.

Ивановски на Европскиот дијалог за управување и иднината на интернетот во Берлин

Берлин, 11 јуни 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе учествува на Седмиот европски дијалог за управување и иднината на интернетот, кој на 12 и 13 јуни, ќе се одржи во Берлин. Домаќин на настанот е Здружението на германската интернет индустрија, а се одржува под патронат на Федералното министерство за економски работи и енергија.

Ивановски : Широкопојасен интернет за 80 % од населението до 2018 година

Женева, 11 јуни 2014

Од 10 до 13 јуни во Женева, се одржува Светскиот самит за информатичко општество (WSIS+10), на високо ниво, на кој свое обраќање имаше министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Неговото учество е на покана на генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), д-р Хамадун Туре.

Доделени наградите од натпреварот за развој на HTML5 апликации

Скопје, 9 јуни 2014

Апликацијата со наслов „Пинг Понг„ на авторот Миле Костоски е добитник на првата награда на натпреварот за избор на најдобритe три HTML5 апликации, кој следеше по обуката за развивање на апликациите, организирана од корпорацијата Intel заедно со Министерството за информатичко општество и администрација.

Отворена канцеларијата на ИТ компанијата 6ПМ во Македонија

Скопје, 3 јуни 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес присуствуваше на отворањето на новите канцеларии на ИТ компанијата 6ПМ во Македонија. Главниот менаџер на 6ПМ групацијата, Иван Бартоло, ги претстави плановите и насоките на работа на канцеларијата во Скопје, изразувајќи притоа задоволство од позитивната клима која владее во македонското општество за развој на бизнисите.

Награда на Светскиот самит за мобилни апликација 2014

Скопје, 30 мај 2014

Министерството за информатичко општество и администрација ги потсетува и ги охрабрува сите ентузијасти кои сакаат да добијат можност за учество во изборот за Награда на Светскиот самит за мобилни апликации, да ги испратат потребните содржини и информации најдоцна до 15 јули 2014 година.

Арсовска Томовска на Првиот Smart Boot Camp For Medical Technology Services

Скопје, 29 мај 2014

Во организација на првиот акцелератор во Република Македонија New Man’s Business Accelerator, во Скопје се одржа едукативен настан во рамките на кој се одвиваа завршните презентации на Првиот Smart Boot Camp For Medical Technology Services. Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, беше дел од жири комисијата која ги оценуваше тимовите учесници на настанот.

Ивановски : Потребна ни е работна сила конкурентна со европската

Скопје, 21 мај 2014

Како да им се помогне на младите луѓе преку здобивање со ИКТ знаења и вештини, зошто квалификациите и вештините се важни, како да се најде работа, што е потребно да се започне сопствен бизнис, се само дел од прашањата кои се покренуваат на дводневниот настан Microsoft Youthspark Live Event, кој во организација на Microsoft Македонија и во соработка со Центарот за иновации, се одржува во Скопје.

Ивановски на Светскиот ден на телекомуникациите во Женева

Скопје, 15 мај 2014

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на телекомуникациите и информатичкото општество, кој во организација на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) на 16 мај ќе се одржи во Женева, учество ќе земе и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Арсовска Томовска на 70-та средба на правниците во Охрид

Охрид, 8 мај 2014

Во рамките на 70-та средба на правниците, која од 8 до 10 мај се одржува во Охрид, свое обраќање имаше заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Ивановски на завршниот состанок на ICANN во Дубаи

Скопје, 4 мај 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе учествува на завршниот состанок на Независниот Панел за глобалниот интернет, кој на 4 и 5 мај 2014 година, се одржува во Дубаи. Состанокот е организиран од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN) и e во рамките на Светскиот економски форум.

Ивановски најави нов факултет за информатичко-комуникациски технологии

Скопје, 30 април 2014

Со цел подобрување на ИТ секторот во Македонија, денес беше потпишан Меморандум за соработка меѓу ИКТ комората при Сојузот на стопански комори и високо образовните институции од информатичката област. Идејата е преку размена на искуства и информации од бизнис и академски аспект, да се воспостави рамка на заедничко дејствување, која е од исклучително значење за развојот на информатичкото општество во земјата.

Ивановски во Битола : Компјутери кои ќе ја поттикнат мотивацијата за учење

Битола, 17 април 2014

За време на денешниот престој во Битола, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, го посети ОУ „Климент Охридски„ во Битола, каде се информира за начинот на изведување на наставата со помош на користењето на компјутерите со екран на допир. Тој се запозна со нивната техничка функционалност и предноста што ја имаат во однос на другите компјутерски системи.

Syndicate content