Ивановски : Зајакната координација преку Системот за шумски пожари

Скопје, 16 април 2014

Во рамките на презентацијата на „Македонскиот информативен систем за шумски пожари“, која се одржа во организација на Центарот за управување со кризи и со поддршка на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), се обрати и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. Според него, реализацијата на овој проект, претставува само една од повеќето активности кои во континуитет се преземаат од страна на македонската Влада, со цел зајакнување на капацитетите на националните институции за превенција и справување со шумските пожари.

ICANN со честитка до министерот Ивановски за доменот (.мкд)

Скопје, 15 април 2014

Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN) го објави успешното завршување на регистрацијата на предложениот интернационален кириличен домен за Македонија (.мкд). Извршниот директор на ICANN, Фади Шехаде, му честита на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, за регистрацијата и му посака успешна промоција и афирмација на доменот во меѓународниот интернет простор.

Отворен Меѓународниот натпревар NASA Space Apps Change 2014

Скопје, 11 април 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес го отвори вториот меѓународен натпревар NASA SpaceApp Challenge во нашата земја, чиј домаќин е првиот бизнис акцелератор во Македонија (New Man’s Business Accelerator).

ИТ обука за развој на HTML5 апликации

Скопје, 11 април 2014

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и во соработка со корпорацијата Intel, денес во Скопје се одржува обука и натпревар за развој на HTML5 апликации, менториранa од страна на тренинг експерти од Intel. На неа учествуваат софтверски компании, членки на ИКТ Комората, МАСИТ, како и студенти од техничките факултети при државните универзитети во Македонија.

Министерот Ивановски на отворањето на канцеларијата на Gamut Global Operations

Скопје, 10 април 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес присуствуваше на отворањето на канцеларијата на австралиската Gamut Global Operations, компанија која ќе развива бизнис софтвер активности во Македонија.

Арсовска Томовска на отворањето на првиот бизнис акцелератор во Македонија

Скопје, 10 април 2014

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, присуствуваше на отворањето на првиот бизнис акцелератор во Република Македонија (New Man’s Business Accelerator), кој преку високоспецијализирани програми ќе настојува да им помогне на младите луѓе на почетокот на нивната професионална кариера.

Министерот Ивановски ja претстави Владината ИТ мрежа

Скопје, 8 април 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес ја претстави Владината оптичка ИТ мрежа, која овозможува постигнување поголеми брзини на пренос на податоци, поголема безбедност на пренесените податоци и поголем број на електронски услуги кон граѓаните.

Арсовска Томовска го отвори првиот Google семинар во Македонија

Скопје, 5 април 2014

На покана на Македонскиот портал за онлајн маркетинг, друштвени мрежи, нови технологии, реклама и SEO – Socialnet.mk, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес го отвори првиот Google семинар во Македонија.

Заменик министерката Арсовска Томовска на меѓународниот иновативен настан TEDx Binnenhof

Скопје, 31 март 2014

На покана на Холандската амбасада во Република Македонија, заменик министерот на информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, присуствуваше на меѓународниот иновативен настан TEDx Binnenhof, кој истовремено се одржа во Холандија и во уште 43 европски земји, меѓу кои Република Македонија, со линковска врска од Хаг.

Арсовска Томовска: ФИНКИ стана мотор на информатичкото општество во Македонија

Скопје, 31 март 2014

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, денес ја одбележа тригодишнината од своето постоење, на чија свеченост присуствуваше и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска.

Арсовска Томовска го отвори Државниот натпревар по информатика за ученици од средни и основни училишта

Скопје, 22 март 2014

Во организација на Здружението на информатичарите на Македонија, денес во Скопје се одржува 25-от Државен натпревар по информатика за ученици од средните и основните училишта во Република Македонија.

Македонија петта земја во светот со национален кириличен домен (.мкд)

Скопје, 20 март 2014

Со воспоставувањето на националниот кириличен домен (.мкд) во меѓународниот интернет простор, направен е еден чекор напред во зацврстувањето на македонскиот јазик и писмо, што претставува само продолжување на големите дела на Македонците низ минатото.

Побрз и поефтин интернет со MatriX салата за размена на интернет сообраќај

Скопје, 18 март 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, Сашо Димитријоски, денес ја посетија систем салата на националната точка за размена на интернет сообраќај MatriX.

Предавање на министерот Ивановски пред студентите на ФИНКИ

Скопје, 14 март 2014

На покана на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес имаше обраќање пред студентите на тема „Бенефитите од искористувањето на Отворените податоци„.

Министерот Ивановски оствари средба со заменик генералниот секретар на ИТУ, Хоулин Жао

Скопје, 13 март 2014

На покана на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес во официјална посета на Република Македонија престојува заменик генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), Хоулин Жао.

Ивановски на втората Goclick и Google конференција за современ маркетинг во Македонија

Скопје, 11 март 2014

На покана на Сојузот на стопански комори и маркетинг агенцијата Goclick и Google, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес имаше обраќање на втората Goclick и Google конференција за современ маркетинг во Македонија која се одржа во Скопје.

Syndicate content