Министерот Ивановски во посета на Вашингтон ДЦ

Вашингтон ДЦ, 5 март 2014

Во рамките на работната посета на САД, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес во Вашингтон ДЦ оствари неколку средби со истакнати личности од областа на информатичко-комуникациската област.

Новиот Закон за општата управна постапка на страната на ЕНЕР

Скопје, 4 март 2014

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Мисијата на СИГМА подготви текст на новиот Закон за општа управна постапка, кој се заснова на современите европски принципи на управното процесно право.

Ивановски и Самак во посета на компаниите Google, Tesla Motors и Mindtree во Силиконската Долина

Силиконска Долина, 4 март 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Веле Самак, во рамките на неколкудневната посета на САД за промоција на македонските бизнис можности, го посетија кампусот на Google во Силиконската Долина, проследено со посета на еден од најголемите инкубатори за „старт ап„ компании во овој регион.

Министрите Ивановски и Самак привлекуваат инвестиции од ИТ секторот и филмската индустрија во Лос Анџелес

Лос Анџелес, 3 март 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, заедно со министерот без ресор Веле Самак, денес во Лос Анџелес пред голема група бизнисмени ги презентираа можностите што Владата на Република Македонија ги нуди за странските директни инвеститори.

Министерот Ивановски на состанок на Независниот Панел за глобалниот интернет во Калифорнија

Калифорнија, 28 февруари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествува на состанокот на Независниот Панел за глобалниот интернет организиран од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), кој на 27 и 28 февруари се одржува во Калифорнија, САД.

Студиска посета за јавна администрација во Лондон

Лондон, 28 февруари 2014

Како предводник на делегацијата од претставници на институциите задолжени за имплементација на законите за администрација, заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, од 24 до 28 февруари престојува во службена посета на Лондон. Станува збор за студиска посета чија тема е модернизацијата на јавната администрација и системот на управување заснован на компетенции.

Промоција на компаниите регистрари на националниот домен .mk

Скопје, 25 февруари 2014

Ултра Нет, Тим Корпорејшн, Виртувио, МК Хост, Некст – ЕМ, Марцом Регистри, Веј Глобал ИТЦ и Процес Ин, се осумте компании, кои потпишаа договор со Македонската академска истражувачка мрежа (МАРнет) да бидат регистрари на националниот домен .mk.

Презентиран мултиплатформскиот систем за колаборација за е-седница

Скопје, 23 февруари 2014

Со цел поедноставување и забрзување на процесот на креирање и менаџирање на информации и елаборати, а во рамките на системот Е-влада, денес беше презентиран мултиплатформскиот систем за колаборација за е–седница, според кој ќе функционира и работи Владата на Република Македонија.

Системот е - потсетник со информации за документите на граѓаните

Скопје, 20 февруари 2014

Почитувани граѓани !

Ве известуваме дека започна да функционира системот е-потсетник, проект на Министерството за информатичко општество и администрација. Системот е-потсетник му овозможува на корисникот преку СМС порака испратена на неговиот мобилен телефонски број, да добие информација за изготвен документ за кој аплицирал или за истекување на рокот на важност на документ.

Во системот Е-потсетник засега се опфатени пет институции со 14 достапни услуги за кои граѓаните ќе можат да добиваат информации.

Повеќе информации можете да најдете на e-potsetnik.mk.

Промовирани стандардите за управување со човечки ресурси

Скопје, 18 февруари 2014

Во рамките на проектот „Поддршка на реформите на јавната администрација„, поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство во Република Македонија, денес беше промовирано второто ревидирано издание на публикацијата „Стандарди за управување со човечки ресурси.„

Претставникот на ОБСЕ го поздрави донесувањето на медиумските закони

Скопје, 12 февруари 2014

За време на посетата на Република Македонија, претставникот на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ оствари работна средба со министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. На состанокот се разговараше за состојбите во медиумската сфера, како и за спроведувањето на одредбите од новиот Закон за медиуми и новиот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Семинар за „Проценката на влијание на регулативата - можности и предизвици за успешна примена„

Попова Шапка, 9 февруари 2014

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (IDEAS), од 7 до 9 февруари 2014 година, на Попова Шапка се одржа семинар на тема ,,Проценка на влијанието на регулативата (ПВР) - можности и предизвици за успешна примена’’.

Презентиран проектот за мониторинг на регионалните телевизии

Скопје, 5 февруари 2014

Во рамките на процесот на зајакнување на професионалната слика на македонските медиуми, како и доследно почитување на програмските стандарди согласно законските начела, денес беше презентиран проектот за мониторинг на регионалните телевизии.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 3 февруари 2014

Во согласност со членот 14 став (11) од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (“Службен весник на Република Македонија“ број 184/2013 и 13/2014), со цел да се утврди кои две здруженија на новинари од Република Македонија се со најголем број на членови, заради спроведување на постапката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ, Министерството за информатичко општество и администрација ги известува сите здруженија на новинари од Република Македонија дека се должни најдоцна до 10 февруари 2014 година, до Министерството за информатичко општество и администрација да достават регистар на евидентирани членови и потврди за уплатена членарина за тековнaта година.

Промовиран првиот пакет на асистивни уреди во бесплатниот интернет клуб во Скопје

Скопје, 3 февруари 2014

Еден од главните приоритети на Министерството за информатичко општество и администрација e овозможување на достапност на придобивките на информациско – комуникациските технологии до сите, без разлика на местото на живеење, нивото на познавање на ИКТ, возраста, образованието итн. Во тие рамки денес соработка со здружението „Отворете ги прозорците„ беше промовиран првиот пакет на асистивни уреди во бесплатниот интернет клуб во Скопје, кој ќе биде достапен за лицата со инвалидност и за постарите лица.

Лидерски Форум за јавна администрација во Будимпешта

Будимпешта, 31 јануари 2014

Во рамките на Форумот за јавна администрација кој се одржа во Будимпешта, учествуваше и државниот секретар на Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, кој имаше обраќање на отворањето на настанот.

 

Целта на форумот е да обезбеди уникатен и иновативен пристап на темите за лидерството, како една од најбитните прашања во развојниот процес на јавната администрација.

 

Syndicate content