Министерот Ивановски на интернационален бизнис самит во Индија

Бангалор, 29 јануари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, се наоѓа во неколкудневна посета на Индија во рамките на македонската владина делегација, која учествува на интернационалниот Бизнис Партнершип Самит во Бангалор, организиран од најголемата Стопанска комора на Индија.

Акциски план за Отворено владино партнерство 2014-2016

Скопје, 28 јануари 2014

Почитувани,

Република Македонија пристапи кон глобалната Инцијатива за Отворено владино партнерство (ОВП) на крајот од 2011 година, а сите земји кои се приклучија кон оваа инцијатива беа должни да достават Акциски планови за спроведување на мерките од Инцијативата. Владата на Република Македонија го усвои Акцискиот план за Отворено Владино партнерство на 1 јуни 2012 година.

Промоција на Системот за управување со учењето (LMS)

Скопје, 23 јануари 2014

Министерството за информатичко општество и администрација денес ги промовираше активностите во рамките на спроведувањето на Системот за управување со учењето (LMS) за сите државни службеници, како еден од приоритетите во неговото работење.

Како што соопшти министерот Иво Ивановски на денешната прес-конференција, системот од денес ќе биде пуштен во употреба и ќе понуди девет веќе развиени обуки за теми од областа на човечките ресурси, а до крајот на оваа година бројот на обуките ќе биде над 20.

Нов закон за модернизирање на системот на управни постапки

Скопје, 22 јануари 2014

Во рамките на процесот на донесување на новиот Закон за општа управна постапка, денес беше одржана Конференција на која беше презентирана драфт-верзијата на законското решение, кое е дефинирано во Стратегијата за реформа на јавната администрација.

Како што истакна министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, овој закон е дел од задолженијата од високиот дијалог меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија.

Усогласени повеќе одредби со ССМ и КСС за предлог-административните закони

Скопје, 15 јануари 2014

Министерството за информатичко општество и администрација денес оствари нова работна средба со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

На состанокот беа разгледувани предлозите на синдикатите по однос на Предлог-Законот за административни службеници и Предлог-Законот за вработените во јавен сектор.

Јавна расправа за новиот Закон за електронски комуникации

Скопје, 13 јануари 2014

Министерството за информатичко општество и администрација денес ја организираше третата по ред јавна расправа по однос на донесувањето на новиот Закон за електронски комуникации. Како што рече во своето воведно обраќање министерот Иво Ивановски, сите предлози, коментари и забелешки кои беа доставени беа поставени на страната e-demokratija.mk, со што беше овозможено секој да има можност да ги анализира доставените предлози од сите заинтересирани страни.

Консултативни средби со синдикатите за предлог-законите за административни службеници и за вработени во јавниот сектор

Скопје, 11 јануари 2014

Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, денес остварија консултативни средби со претставници на Македонскиот полициски синдикат, Синдикатот на одбраната и безбедноста и со Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва.

Работна средба со претставници на КСС и на СОНК

Скопје, 10 јануари 2014

Во рамките на консултативниот процес по предлог законите за вработени во јавниот сектор и за административни службеници, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски оствари работна средба со претставници на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) и на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) .

МИОА апелира до УПОЗ за конструктивност во разговорите за предлог-административните закони

Скопје, 9 јануари 2014

Министерството за информатичко општество и администрација во врска со новите предлог-закони за административни службеници и за вработените во јавниот сектор кои се во собраниска процедура, континуирано одржува консултативни разговори со претставниците на синдикатите од јавниот сектор здружени во Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), кој брои над 76.000 членови.

Постигната согласност со синдикатите за повеќе одредби од предлог-законите за администрација и за вработени во јавен сектор

Скопје, 8 јануари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, на заедничка прес-конференција ги презентираа заклучоците од последниот работен состанок со синдикатите од јавниот сектор, посветен на Предлог законот за вработени во јавниот сектор и Предлог законот за административни службеници.

Состанок со претставници на ССМ за предлог-законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници

Скопје, 2 јануари 2014

Министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Иво Ивановски и заменикот министерот г-ѓа Марта Aрсовска Томовска, одржаа работен состанок со синдикатите од јавниот сектор здружени во Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) претставени од претседателот Живко Митревски и потпретседателот на ССМ за јавен сектор, Тихомир Климовски.

Доделени уверенија на вработени во државната управа за завршена обука по англиски јазик

Скопје, 30 декември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација заедно со Канцеларијата на Британскиот совет во Скопје, денес ги доделија уверенијата на вработените во државната управа за завршената обука по англиски јазик. На настанот присуствуваше и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Поповски.

Конференција „Управување со квалитет во државниот сектор„

Скопје, 25 декември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација ја организираше Конференцијата „Управување со квалитет во државниот сектор„ на која беа претставени основните начела и начинот на спроведување на ISO стандардот и CAF моделот во државните институции.

Министерот Ивановски на Првиот состанок на Независниот Панел за глобалниот интернет во Лондон

Лондон, 14 декември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 12 и 13 декември во Лондон, учествуваше на првиот состанок на Независниот панел за иднината на глобалната интернет соработка, организиран од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN).

Реакција на МИОА и министерот Ивановски за напис во дневниот весник „Вест„

Скопје, 7 декември 2013

Mинистерството за информатичко општество и администрација и неговиот министер Иво Ивановски, реагираат во врска со написот во дневниот весник „Вест„ под наслов „ВМРО ги куди, ДУИ ги брани извршителите„ објавен во тробројот 4040 за 7, 8 и 9 декември 2013 година, а потпишан од новинар со иницијали Н.С. на втората страница од изданието, во кој јавноста е манипулирана со името на министерот Иво Ивановски, кој се споменува во содржината на текстот, а истиот е поткрепен со негова фотографија.

Министерот Ивановски во посета на општина Гевгелија

Скопје, 5 декември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес ја посети локалната самоуправа во Гевгелија, каде оствари работна средба со градоначалникот Иван Франгов.

Syndicate content