Проект за ИПА обуки за надградување на знаењето и способноста на државните службеници

Скопје, 5 декември 2013

Во рамките на Конференцијата „Пресретнување на предизвиците на јавната администрација„ денес во Инфо Центарот на ЕУ во Скопје беа презентирани целите на проектот за ИПА обуки финансиран од Европската Унија.

Регионална конференција на Мајкрософт - „Вистински импакт за подобро владеење“.

Скопје, 5 декември 2013

Во организација на Канцеларијата на Мајкрософт во Македонија и на Мајкрософт за Централна и Источна Европа, а под покровителство на Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, денес и утре во Скопје се одржува Регионалната Конференција – „Вистински импакт за подобро владеење“.

Министерот Ивановски во работна посета на Зрновци

Скопје, 4 декември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес ќе ја посети локалната самоуправа во Зрновци, каде ќе оствари работна средба со градоначалникот Блаже Станков.

Министерот Ивановски во работна посета на Кратово

Скопје, 3 декември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес престојуваше во работна посета на Кратово, каде оствари средба со градоначалникот на општината Мите Андоновски.

 

Презентирани новите решенија во законите за администрација

Скопје, 2 декември 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, денес ги презентираше новите решенија по однос на предлог-законот за административни службеници и предлог-законот за вработени во јавниот сектор.

Арсовска Томовска на Регионален форум за развој во Белград

Белград, 25 ноември 2013

Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денес учествуваше на Регионалниот форум за развој во Белград, на покана на Владата на Република Србија и Меѓународната телекомуникациска унија (ITU).

Министерот Ивановски на ITU Telecom World 2013 во Тајланд

Бангкок, 19 ноември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 19 до 22 ноември, учествува на Конференцијата ITU Telecom World 2013, во Бангкок, Тајланд.

Настанот кој се одржува во соработка со Меѓународната телекомуникациска унија е под мотото „Усвојување на промените во дигиталниот свет„.

Министерот Ивановски поканет за член на Независниот Панел за иднината на Интернет соработката

Скопје, 15 ноември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од страна на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), поканет е за член на Независниот Панел за иднината на Интернет соработката.

Министерот Ивановски на самит на WITSA во Бразил

Сао Паоло, 12 ноември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, на 12 и 13 ноември, учествуваше на Глобалниот јавен политички самит за информатичка технологија, кој се одржа во Сао Паоло, Бразил.

Средба на министерот Ивановски со потпретседателот на Интел, Џон Дејвис

Скопје, 8 ноември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, оствари средба со потпретседателот на корпорацијата Интел, Џон Дејвис, кој се наоѓа во посета на Република Македонија.

На средбата се разговараше за соработката во повеќе области, пред се во информациско-комуникациските технологии и помошта за малите и средните претпријатија.

Нов Закон за електронски комуникации за поттикнување на иновации, слобода на изразување и нови работни места

Скопје, 6 ноември 2013

Започна Јавната расправа по однос на донесувањето на новиот Закон за електронски комуникации, кој треба да обезбеди економски и социјален развој, стимулирање на иновациите и отворање нови работни места во земјата. Законското решение треба да даде придонес во рамките на заштитата на правата на корисниците, вклучувајќи ги корисниците со инвалидитет и корисниците со посебни социјални потреби, а исто така ќе обезбеди ефикасна конкуренција на пазарот за електронски комуникации.

Министерот Ивановски на претставувањето на проектот на АЕК и СРД

Скопје, 5 ноември 2013

Во Информативниот центар на ЕУ во Скопје денес се одржа отворањето на проектот „Зајакнување на капацитетите на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални услуги„, финансиран од Европската Унија, а чии носители се Агенцијата за електронски комуникации и Советот за радиодифузија.

Mинистерот Ивановски на Самитот за Отворено владино партнерство во Лондон

Лондон, 1 ноември 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, учествуваше на Самитот за Отворено владино партнерство во Лондон, на кој присуствуваа над 1000 делегати од 61 земја во светот, меѓу кои високи владини претставници, експерти и активисти од граѓанското општество, бизнис лидери и претставници на меѓународни организации, како што се Светската банка, Организацијата за економска соработка и развој, УНДП и Интер-американската банка за развој.

Арсовска–Томовска на Кампот за мобилни апликации и технологии, Mobile AppCamp

Скопје, 26 октомври 2013

Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовскa, се обрати на Кампот за мобилни апликации и технологии Mobile AppCamp, што се одржува во Скопје, во организација на Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ).

Арсовска Томовска на Отворените денови на СЕЕИТА

Скопје, 25 октомври 2013

Во рамките на вториот ден од Конференцијата за Е-влада и Отворените денови на СЕЕИТА, обраќање пред учесниците имаше заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, осврнувајќи се на подобрувањето на бизнис климата, условите за економски раст и зајакнувањето на конкурентноста на домашните компании, меѓу кои и ИКТ компаниите.

Ивановски на Конференцијата за Е-влада и отворените денови на СЕЕИТА

Скопје, 24 октомври 2013

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, се обрати на Конференцијата за Е-влада и отворените денови на СЕЕИТА, која на 24 и 25 октомври се одржува во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.

Syndicate content