НАЈАВА: Арсовска Томовска на работен состанок во Велес за новиот ЗОУП

Велес, 30 јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 01 јули (петок), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Велес , за новиот Закон за општата управна постапка.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Велес , со почеток во 11.00 часот.

НАЈАВА: Јавна консултација со граѓанскиот сектор за новата Стратегија за РЈА

Скопје, 29. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 30 јуни (четврток), ќе се обрати на јавната консултација со граѓанскиот сектор: „Приоритети за новата Стратегија за реформа на јавната администрација 2016–2021”, во организација на проектот ИПА 2 механизмот за граѓански организации.

Настанот ќе се одржи во хотелот „Квинс“ (Т.Ц.Зебра), со почеток во 11 часот.

Муцунски на Промовирањето на „Microsoft Showcase Classroom“ во Тетово

Тетово, 15. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски, (утре) 16 јуни 2016 година, ќе учествува на прес конференција за Промоција на Microsoft Showcase Classroom - партнерски проект на Владата на Република Македонија, Мајкрософт Македонија и TDK Компјутери.

Настанот ќе се одржи во Средното медицинско училиште “Никола Штејн”- Тетово, во 12.30 часот.

Најава: Вработување на стоте најдобри студенти во институции од јавен сектор

Скопје, 09. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски, утре 10 јуни, петок ќе одржи прес конференција на која ќе го презентира почетокот на реализацијата на проектот за вработување на стоте најдобри студенти на јавните универзитети во Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во просториите на МИОА, со почеток во 11 часот.

Најава: Муцунски ќе учествува на „Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom“

Скопје, 08. јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски, (утре) 09. јуни 2016 година, ќе учествува на прес конференција за Инаугурација на Microsoft Showcase Classroom – партнерски проект на Влада на Република Македонија, Мајкрософт Македонија и TDK Компјутери.

Настанот ќе се одржи во Основно училиште ’’Петар Здравковски-Пенко, Скопје, во 10:00 часот.

Најава: Арсовска Томовска на “Светскиот ден на акредитацијата”

Скопје, 08. јуни 2016 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Mарта Арсовска Томовска, (утре) 09. јуни 2016 година, ќе се обрати на свеченоста по повод “Светскиот ден на акредитацијата”.

Настанот ќе се одржи во хотел Континентал, Кристална сала, со почеток во 10.00 часот.

Најава: Арсовска Томовска на 6-та меѓународна конференција „Применети интернет и информатички технологии“ во Битола

Битола, 02. јуни 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 03. јуни 2016 година (петок) ќе учествува на 6-та Меѓународна конференција „Применети интернет и информатички технологии“.

Настанот, во организација на Факултетот за информатички и комуникациски технологии -Битола, ќе се одржи во Хотелот „Епинал“ во Битола, со почеток во 10 часот.

Најава: Прес конференција за напредокот во изготвувањето на новата Стратегија за РЈА

Скопје, 31 мај 2016

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски на 01. јуни 2016 година ќе одржи прес конференција на која ќе го презентира напредокот во изготвувањето на новата Стратегија за реформа на јавната администрација за периодот 2016-2021 година.

Настанот ќе се одржи во просториите на МИОА, со почеток во 11 часот.

Најава : Свечено доделување на лиценци за инспектори

Скопје, 18 мај 2016

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 19 мај (четврток), ќе се обрати на свеченото доделување на лиценците за инспектори, во организација на Инспекцискиот совет на Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во Дом на АРМ со почеток во 12.00 часот.

Најава

Скопје, 10 мај 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 11 мај (среда) ќе се обрати на отворањето на вториот јавен настан „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018".

 

Настанот ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин, Скопје, со почеток во 10 часот.

Арсовска Томовска во Охрид ќе го отвори 'Codefest 2016'

Охрид, 14. април 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, на 15. април 2016 година (петок), ќе го отвори 4-от по ред 'Codefest 2016', што претставува технолошки настан во организација на Здружението за развој Стартап зона Охрид, кој ќе трае од 15 - 17 април.

Настанот ќе се одржи во хотелот Inex Gorica во Охрид, со почеток во 10 часот.

Најава: Пофалница за МИОА од Светската царинска организација

Скопје, 13 април 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска на 14. април 2016 година (четврток) ќе учествува на свеченоста по повод денот на Царинската управа, при што ќе и биде врачена Пофалница од Генералниот секретар на Светската царинска организација, за посебна соработка на полето на имплементацијата на ИТ системите, континуирана соработка и електронско прибирање, размена и заштита на податоци поврзани со царинското работење.

 

Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Царинската управа (ул. Лазар Личеноски бр 13, Скопје), со почеток во 12 часот.

Најава: Арсовска Томовска на Конференција за е-Влада

Скопје, 04 април 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, 05.04.2016 (вторник) ќе ја отвори Конференцијата за е-Влада. Настанот кој е во организација на МИОА, ќе се одржи во Порта Македонија, со почеток во 11 часот.

Најава: Арсовска Томовска ќе го објави првиот Годишен извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор

Скопје, 31 март 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, денеска (четврток) 31 март 2016 година со почеток во 14 часот, ќе одржи прес конференција на која ќе го објави првиот Годишен извештај за податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор.

Прес конференцијата ќе се одржи во просториите на министерството.

Најава : Активности на министерот Арсовска Томовска

Скопје, 22. март 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, на 23 март, среда, во 10.00 часот, ќе ја отвори дводневната конференција ,,Отворено владино партнерство"– дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018". Настанот, кој е во организација на проектот ТАКСО (Техничка поддршка за граѓанските организации) и МИОА, ќе се одржи во хотелот Александар Палас, Скопје.

 

Во 11.00 часот, министерот Арсовска Томовска ќе присуствува на официјалното отворање на втората канцеларија на британската компанија ,, Алокејт Софтвер" во Скопје, која ја проширува работата во Македонија. Настанот ќе се одржи на ул. Васил Ѓоргов бр. 20 А, втори кат.

 

 

Најава: Арсовска Томовска на Првиот годишен форум за заштита на личните податоци за земјите од Западен Балкан

Скопје, 22. март 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска во вторник, 02. февруари 2016 година, ќе се обрати на отворањето на Првиот годишен форум за заштита на личните податоци за земјите од Западен Балкан, што е во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци во соработка со факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ.

Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на ТМФ со почеток во 9.30 часот.
Syndicate content