Најава

Скопје, 17 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре (петок) 18.12.2015 во 10.30 часот ќе се обрати на настанот ,,Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанскиот сектор”, промоција на договорите за грант од ИПА 2011. На настанот кој ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот, обраќање ќе има и шефот на делегацијата на Европската Унија, Аиво Орав.

Најава : Арсовска Томовска на Конференција за затворање на твининг проект финансиран од ЕУ

Скопје, 15 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска на 16.12.2015 (среда) ќе се обрати на завршната конференција по повод затворањето на твининг проектот „Поддршка на реформите во државната служба и јавната администрација“.

Најава: Обраќање на Арсовска Томовска на работилница организирана од ЗНМ

Скопје, 9 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска утре, 10.12.2015 (четврток) ќе се обрати на работилницата на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите на Македонија“, во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Најава: Министерска конференција во Париз за реформи на администрацијата

Скопје, 3 декември 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ќе учествува на министерската конференција на високо ниво, што се одржува во Париз, на тема: ,,Предизвици во реформите на јавната администрација во земјите од Западен Балкан".

Најава: Арсовска Томовска на конференцијата ,,ИКТ во Агробизнисот"

Скопје, 24 ноември 2015 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска утре, на 25. ноември (среда) ќе се обрати на отворањето на дводневната конференција ,,ИКТ во Агробизнисот", во организација на МАСИТ- Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии.

Настанот ќе се одржи во хотелот ,,Александар Палас" во Скопје, со почеток во 09.00 часот.
Најава : Конференција за интероперабилност во дигитална Европа

Скопје, 25 октомври 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за економска соработка и развој на Австрија, на 26 октомври 2015 година, понеделник, во 10.00 часот, организираат "Конференција за интероперабилност во дигитална Европа", во рамките на проектот „Поддршка на државната служба и реформите во администрацијата„.

На настанот ќе се обратат заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска и амбасадорот на Австрија во Македонија, Рената Коблер, а свои излагања ќе имаат и експерти од оваа област.

Конференцијата ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје.

Среднорочен извештај за самооценување - Акциски план за отворено владино партнерство 2014-2016 година

Скопје, 7 септември 2015 година

Нацрт - Среднорочниот извештај за самооценување, дава преглед на напредокот и главните постигнати резултати за секој поединечен приоритет од Акцискиот план 2014-2016 година за кој е започната имплементацијата и тоа во надлежност на повеќе институции.

Најава : Прес-конференција за учеството на Република Македонија во програмата „Креативна Европа„.

Скопје, 3 август 2015 година

Министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска, на 4 август 2015 година, вторник, во 10.00 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција за учеството на Република Македонија во потпрограмата „Медиа„ во рамките на програмата „Креативна Европа„.

Настанот ќе се одржи во Порта Македонија во Скопје.

Најава : Јавна дебата „Потребни реформи во јавниот радиодифузен сервис„.

Скопје, 19 јули 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна дебата на тема „Потребни реформи во јавниот радиодифузен сервис„.

Јавната дебата ќе се одржи на 20 јули 2015 година, понеделник, во 12.00 часот, во Агенцијата за електронски комуникации.

Најава : Јавна расправа за Предлог – Краткорочната ИKТ Стратегија 2016 – 2017

Скопје, 14 јули 2015 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за Предлог – Краткорочната ИKТ Стратегија 2016 – 2017 и нејзиниот Акциски план.

Јавната расправа ќе се одржи на 15 јули 2015 година, среда, во 10.00 часот, во Стопанската Комора на Македонија (ул. Димитрие Чуповски бр. 13, Скопје, сала 4 на 5-ти кат).

Најава : Промовирање на системите за автоматска локација на возила и за електронска наплата во автобусите на јавниот превоз

Скопје, 13 јули 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈСП, Игор Јанушев, на 14 јули 2015 година, вторник, во 12.00 часот, ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе го промовираат проектот за воведување систем за автоматска локација на возила и систем за електронска наплата во автобусите на јавниот градски превоз.

Настанот ќе се одржи во салата до кабинетот на Градоначалникот на Град Скопје.

Најава : Доделување на наградите за најуспешните апликации на Open Data Hackathon натпреварот

Скопје, 29 јуни 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и генералниот директор на Мајкрософт во Скопје, Стефан Плавјански, на 30 јуни 2015 година, вторник, во 10.30 часот, ќе ги доделат наградите за најуспешните апликации на Open Data Hackathon натпреварот.

Настанот ќе се одржи во Канцеларијата на Мајкрософт во Скопје (бул. Партизански одреди бр.62 – Лептокарија).

Најава : Ивановски на „Конференцијата за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста”

Скопје, 21 јуни 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 21 јуни 2015 година, недела, во 18.30 часот, ќе се обрати на меѓународната конференција „Конференција за едукативниот пристап кон предизвиците од заштита на приватноста”, а по повод десетгодишнината од постоењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Настанот ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин во Скопје.

Најава : Напредокот на проектот за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност

Скопје, 15 јуни 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и директорот на Управата за водење на матични книги, Силас Муслиоски, на 16 јуни, вторник, во 13.00 часот, ќе одржат прес-конференција за напредокот на проектот за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност.

Настанот ќе се одржи во просториите на Управата за водење на матични книги (подрачно одделение Скопје).

Најава : Прес-конференција за најавениот оглас за напредни ИТ вештини за долгорочно невработени лица

Скопје, 13 јуни 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, на 13 јуни 2015 година, сабота, во 12.30 часот, ќе одржат прес-конференција за најавениот оглас за напредни ИТ вештини за долгорочно невработени лица.

Настанот ќе се одржи во Министерството за труд и социјална политика.

Најава : Активности на министерот Ивановски

Скопје, 2 јуни 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и генералниот директор на Мајкрософт во Скопје, Стефан Плавјански, на 3 јуни 2015 година, среда, во 10.30 часот, ќе го отворат Денот на отворени податоци, со што ќе се означи почетокот на Open Data Hackathon натпреварот. Настанот ќе се одржи во просториите на Seavus Education and Development Center.

Во 11.30 часот, министерот Ивановски ќе го посети продажниот салон на „СЕТЕК – се од техника„ во ТЦ Соравија, во рамките на проектот за доделување на таблети за студенти.

Syndicate content