Најава : Арсовска Томовска на експертска дебата на тема “Службеничкиот систем во Република Македонија”

Скопје, 1 јуни 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 2 јуни 2015 година, вторник, во 10.00 часот, ќе учествува на експертска дебата на тема “Службеничкиот систем во Република Македонија”, во рамките на проектот “Форум за јавна администрација” организиран од Фондацијата Фридрих Еберт, а во соработка и поддржан од Правниот факултет “Јустинијан први” при УКИМ и Факултетот за јавна администрација при Универзитетот ЈИЕ Тетово.

Настанот ќе се одржи на Правниот Факултет „Јустинијан Први„ во Скопје.

Најава : Арсовска Томовска на Конференција за затворање на проект финансиран од ЕУ

Скопје, 31 мај 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 1 јуни 2015 година, понеделник, во 11.00 часот, ќе се обрати на Конференцијата за затварањето на проектот финансиран од ЕУ “Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за областите телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“.

Настанот ќе се одржи во Агенцијата за електронски комуникации.

Најава : Доделување на ваучери за набавување на таблет компјутери

Скопје, 27 мај 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Деканот на Природно - математичкиот факултет, Ицко Ѓоргоски, утре 28 мај 2015 година (четврток) во 12.00 часот, ќе ги доделат ваучерите за набавување на таблет компјутери со надворешна тастатура.

Настанот ќе се одржи во просториите на Природно -математичкиот факултет (голем физички Aмфитеатар.

Најава : Доделување на ваучери за набавување на таблет компјутери

Скопје, 20 мај 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), Димитар Трајанов, денеска 20 мај 2015 година, (среда) во 13.30 часот, ќе ги доделат ваучерите за набавување на таблет компјутери со надворешна тастатура за потребите на редовните студенти и студентите евидентирани како лица со посебни потреби.

Најава : Обраќање на Ивановски на Меѓународната регулаторна конференција во Охрид

Скопје, 19 мај 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска, 19 мај 2015 година, во 09.00 часот, ќе се обрати на отворањето на Меѓународната регулаторна конференција 2015 во Охрид, која е во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Настанот ќе се одржи во хотелот Метропол во Охрид.

Најава : Свечено доделување на привремени лиценци за инспектори

Скопје, 29 април 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 30 април 2015 година, четврток, во 10.00 часот, ќе се обрати на свеченото доделување на привремени лиценци за инспектори, во организација на Инспекцискиот совет на Република Македонија.

Настанот ќе се одржи во Агенцијата за електронски комуникации.

Најава : Прес-конференција за развивање на апликации од Отворените владини податоци

Скопје, 28 април 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и претставници од Канцеларијата на Мајкрософт во Скопје, на 29 април 2015 година, среда, во 11.00 часот, ќе одржат прес-конференција по повод претстојниот Хакатон настан посветен на развивање на апликации од Отворените владини податоци.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Прес-конференција за измените во Законот за архивски материјал

Скопје, 27 април 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 28 април 2015 година, вторник, во 12.00 часот, ќе одржи прес-конференција за измените во Законот за архивски материјал.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Прес-конференција за напредокот на Македонија според Глобалниот извештај за информатичка технологија

Скопје, 21 април 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 22 април 2015 година, во 11.30 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе го презентира напредокот на Република Македонија, според Глобалниот извештај за информатичка технологија за 2015 година.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Арсовска Томовска на настанот NASA Space Apps Challenge 2015

Скопје, 8 април 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 9 април 2015 година, во 10.00 часот, ќе се обрати на официјалното отворање на најголемиот хакатон настан во светот NASA Space Apps Challenge 2015, кој е во организација на New Man’s Businees Accelerator и во соработка со младински и студентски организации.

Настанот ќе се одржи во Центарот за иновации на Македонски Телеком.

Најава : Арсовска Томовска на настанот „Контакт 2015„

Скопје, 5 април 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 6 април 2015 година, понеделник, во 10.00 часот, ќе се обрати на официјалното отворање на настанот „Контакт 2015„ кој има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите, како и претставување на искуството и знаењата на студентите.

Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ (простории на Технолошко-металуршки факултет).

Најава : Прес-конференција на англиската компанија Allocate Software

Скопје, 29 март 2015 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 30 март 2015 година, понеделник, во 13.00 часот, ќе се обрати на настанот по повод отворањето на новиот Центар за развој на апликации во Скопје на англиската компанија Allocate Software.

Прес-конференцијата ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин во Скопје (Дневна сала).

Најава : Прес-конференција за доделувањето на таблети за студенти

Скопје, 26 март 2015 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 27 март 2015 година, петок, во 10.00 часот, заедно со претставници на ИКТ Комората при Сојузот на стопански комори, ќе одржи прес-конференција за проектот за доделување таблети за студенти.

Настанот ќе се одржи во просториите на Сет Компјутери во Скопје (ул. Рузвелтова 19).

Најава : Ивановски на работни состаноци во Битола

Скопје, 19 март 2015 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 20 март 2015 година, петок, во 12.00 часот, ќе одржи работен состанок со претставници на институции во Битола. На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор. Настанот ќе се одржи во малата сала на НУ Центар за култура во Битола.

Министерот Ивановски во 14.00 часот, во просториите на општина Битола, ќе одржи и работен состанок со претставници на компании од ИКТ секторот во Битола.

Најава : Работен состанок на министерот Ивановски со претставници на јавни институции во Штип

Скопје, 17 март 2015 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 18 март 2015 година, среда, во 12.00 часот, ќе одржи работен состанок со претставници на институции во Штип. На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Штип.

Најава : Работен состанок во Прилеп за новите административни закони

Скопје, 16 март 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 17 март 2015 година, вторник, во 13.00 часот, ќе одржи работен состанок со претставници на институции во општина Прилеп. На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Прилеп.

Syndicate content