Најава : Работен состанок со ИКТ компании членки на МАСИТ

Скопје, 15 март 2015 година

Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, на 16 март 2015 година, понеделник, во 11.00 часот, ќе одржат работен состанок со претставници на компаниите од ИКТ секторот, членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.

Настанот ќе се одржи во просториите на МАСИТ.

Најава : Работен состанок во Велес за новите административни закони

Скопје, 10 март 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 11 март 2015 година, среда, во 12.00 часот, ќе одржи работен состанок со претставници на институции од општина Велес. На средбата ќе се дискутира за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Велес.

Најава : Состанок со компании од ИКТ Комората при ССК

Скопје, 9 март 2015 година

Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, на 10 март 2015 година, вторник, во 13.00 часот, ќе одржат состанок со компании од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори. На средбата учество ќе земат и претседателот на ССК, Данела Арсовска и претседателот на ИКТ Комората, Саша Огненовски.

Настанот ќе се одржи во хотелот Импексел 2 во Скопје.

Најава : Потпишување на Меморандум за соработка со Microsoft

Скопје, 8 март 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и генералниот директор на Microsoft – Скопје, Стефан Плавјански, на 9 март 2015 година, понеделник, во 12.00 часот, ќе го потпишат Меморандумот за соработка во областа на образованието.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Арсовска Томовска на Demo Day настанот за презентација на македонски стартапи

Скопје, 19 февруари 2015 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 20 февруари 2015 година, петок, во 11.00 часот, ќе се обрати на Demo Day настанот, кој го организира македонско – американската компанија „New man’s business accelerator“, на кој македонските стартапи ќе ги презентираат своите идеи и производи пред меѓународни инвеститори.

Настанот ќе се одржи во просториите на „New man’s business accelerator“.

Најава : Промоција на веб порталот Администрација.мк

Скопје, 8 февруари 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 9 февруари 2015 година, понеделник, во 13.00 часот, ќе го промовира новиот веб портал Администрација.мк.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Промоција на Системот за микроучење во Центарот за обука при МВР

Скопје, 20 јануари 2015 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 21 јануари 2015 година, среда, во 11.00 часот, ќе се обрати на промовирањето на Системот за микроучење во државната служба.

Настанот ќе се одржи во Центарот за обука при МВР во Идризово.

Најава : Официјализирање на националниот кириличен домен (.мкд)

Скопје, 13 јануари 2015 година

Министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска, на 14 јануари 2015 година, среда, во 11.30 часот, ќе го промовираат воспоставувањето на националниот кириличен домен (.мкд) во меѓународниот интернет простор.

Настанот ќе се одржи во Порта Македонија во Скопје.

Најава : Прес - конференција за развојот на информатичкото општество во 2014 година

Скопје, 30 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 31 декември 2014 година, среда, во 11.00 часот, ќе одржи прес-конференција за развојот и напредокот на информатичкото општество во 2014 година.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Затворање на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација„

Скопје, 17 декември 2014 година

На 18 декември 2014 година, четврток, во 14.00 часот, во Порта Македонија ќе се одржи завршниот настан по повод затворањето на проектот „Поддршка за реформите во јавната администрација„ поддржан од Британската Амбасада во Република Македонија, кој се имплементира во Министерството за информатичко општество и администрација.

На настанот ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и британскиот амбасадор, Чарлс Гарет.

Најава : Доделување на Сертификатот за функционалност на информациски системи на АКН

Скопје, 10 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 11 декември 2014 година, четврток, во 11.00 часот, на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, Славче Трпески, ќе му го додели Сертификатот за функционалност на информациски системи.

Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Најава : Ивановски на меѓународната конференција е–Општество.мk

Скопје, 10 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 11 декември 2014 година, четврток, во 10.00 часот, ќе се обрати на десеттата меѓународна конференција е–Општество.мк.

Настанот ќе се одржи во просториите на Сити Хол.

Најава : Завршна конференција на ЕУ Проектот за техничка помош на МИОА

Скопје, 8 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 9 декември 2014 година, вторник, во 14.30 часот, ќе се обрати на Завршната конференција на ЕУ Проектот „Техничка помош на МИОА и зајакнување на имплементацијата на Националниот систем за координација на обуки„. Настанот ќе се одржи во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, а на него ќе се обрати и шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав.

Најава : Ивановски на практичната работилница Code App Level Up 2

Скопје, 8 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 9 декември 2014 година, вторник, во 10.00 часот, ќе го отвори годинешното издание на семинарот/ практична работилница Code App Level Up 2. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ (Технoлошко-металуршки факултет).

Најава : Тркалезна маса за одлив на работна сила од ИКТ секторот

Скопје, 3 декември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 4 декември 2014 година, четврток, во 12.00 часот, ќе се обрати на тркалезната маса на тема „Одлив на работна сила од ИКТ секторот„. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ, а е во организација на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Најава : Ивановски на основањето на Македонската медиумска асоцијација

Скопје, 24 ноември 2014 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, на 25 ноември 2014 година, вторник, во 11.00 часот, ќе се обрати на основањето на Македонската медиумска асоцијација. Настанот ќе се одржи во Стопанската Комора на Македонија.

Syndicate content